X
 06.04.2016 Живот

Погледот кон светот преку очите на аутистично дете

Замислете како доживувате се` што се случува во еден шопинг центар - миризбата, погледите, работите кои ќе ги допрете... Сега замислете сите тие чувства да ги доживеете помножени по 100 пати.

 

свет


 

Ќе се чувствувате вака:

 

аутизам


За многу луѓе со аутизам, ова е нивната реалност. Тие чувствуваат голем број емоции кои се доста посилни од оние кои просечните луѓе ги чувствуваат. Она што за некој е секојдневно нешто и кое можеби нема да го забележи во шопинг центарот, може да претставува нешто огромно за лице со аутизам.

Видеото подолу го прикажува погледот на светот низ очите на момче со аутизам е одличен начин за човек да искуси како е да се живее со аутизам.

Важно е секој од нас да сфати што е тоа аутизам и какво е чувството кога човек се соочува со аутизам, за да можеме да изградиме поемпатичен свет. Иако повеќето луѓе имаат слушнато за аутизмот, мал дел од нив всушност сфаќаат како тој влијае врз однесувањето на луѓето. Многу деца не се нужно непослушни; тие се соочуваат со состојба која повеќето од нас не можат да ја доживеат.

Колку повеќе го сфатиме аутизмот, толку повеќе луѓето со аутизам ќе се чувствуваат подобро во својата кожа.

„Аутизмот е комплексен и аутистичните луѓе и нивните семејства не очекуваат и не сакаат луѓето да бидат експерти. Но, основно разбирање за оваа состојба би можело да промени илјадници животи“, вели Марк Левер, извршен директор на организацијата. 

 


Experience what the sights and sounds of life can feel like for someone with autism. (via National Autistic Society)

Posted by Upworthy on Saturday, April 2, 2016
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот