X
 07.04.2016 Култура

Најпаметните држави во светот

Дали некогаш сте се запрашале кои се најпаметните држави во светот? Иако доста е контроверзно да се судат и рангираат државите според интелигенцијата, човештвото отсекогаш имало желба да споредува и наведува апстрактни концепти како што е интелигенцијата.

 

drzavi


Секако, секој метод на истражување кој ќе се употреби за анализирањето на менталниот капацитет на луѓето несомнено предизвикува двоумења и шпекулации. Целта е дека без разлика на тоа колку е научно сигурен пристапот, мерењето на интелигенција секогаш ќе биде дискутабилно прашање.

Од друга страна, постојат аспекти од човечкиот живот кои се полесни за проценување и рангирање. Постојат неколку различни начини за тестирање на просечната интелигенција на една држава. Веб страната „insidermonkey.com“ реши преку сопствени алгоритми и методи да открие кои се најпаметните држави во светот. На тој начин тие создадоа скала на интелигенцијата која класифицира различни резултати:

Над 140: гениј или речиси гениј
120 - 140: Многу супериорна интелигенција
110 - 119: Супериорна интелигенција
90 - 109: Просечна или нормална интелигенција
80 - 89: Глупавост
70 - 79: Граничен недостаток на интелигенција
Под 70: Слаб ум

Ова се државите со највисок коефицент на интелигенција - линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура