X
 08.04.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Во вторник ни се враќа сончевото и топло време



Во Македонија во петок претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Овие врнежи повеќе ќе бидат изразени во западните предели каде се очекуваат да наврнат и до 10 литри дожд. Врнежите ќе содржат и големо количество на пустински песок, па се очекува нечист или обоен дожд. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.

Во Скопје во петок претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени а максималната дневна до 22 степение.

Во Македонија во деновите од викендот ќе доминира циклонската циркулација која ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд но и пад на максималните температури. Во сабота максималните температури од 12 до 22 степени, а во недела тие ќе се движаат во интервал од 10 до 20 степени. Во понеделник претпладне умерено облачно, попладне претежно сончево со локална облачност и со пораст на температурите кои ќе достигнат до 12 односно до 22 степени. Во вторник ни се враќа сончевото и топло време со надпросечни температури кои ќе движат од 16 до 26 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот