X
 09.04.2016 Образование

Домашните задачи ги уништуваат учениците во основно образование

После 25 години проучување и анализирање на домашните задачи, истражувањето на Харис Купер демонстрира јасен заклучок: домашните задачи ги уништуваат учениците во основно одделение.

 

домашна


Во неговата книга, „The Battle over Homework: Common Ground for Administrators, Teachers, and Parents“, гуруто за домашни задачи дава детали за поврзаноста помеѓу домашните задачи и успехот на различни нивоа на одделение. Додека домашните задачи имаат значителна придобивка во средно, придобивката се намалува во основно одделение.

Зошто наставниците не треба да им даваат домашни задачи на учениците во основно одделение?

Според истражувањата, постојат неколку причини зошто наставниците не треба да им даваат домашни задачи на учениците во основно образование.

1. Домашните задачи може да предизвикаат негативно влијание врз ставовите на децата кон училиштето. Децата кои започнуваат на училиште имаат многу години пред нив. Последното нешто што наставниците треба да го направат е да ги свртат против училиштето. Наместо тоа, младите деца треба да се забавуваат додека учат.

2. Предвремената домашна задача може да ги уништи личните односи долгорочно. Додека домашната задача има за цел да ја зајакне врската помеѓу родителите и децата и да ги вклучи родителите во образованието на учениците, кај основците ова може да има спротивен ефект. На таа возраст, децата треба постојано да бидат потсетувани од нивните родители за нивната домашна задача. После долг ден на училиште, она што го вклучува зборот работа и не е баш нешто што децата сакаат да го слушнат пред да си легнат. Ова најчесто завршува во тажна битка која може да биде проширена и во подоцнежните години кога домашната работа има придобивки.

3. Домашната задача дава лажно чувство на одговорност. Оние кои ја поддржуваат домашната ќе речат дека домашната задача на децата им помага да станат поодговорни, но ова е вистина само во подоцнежните години. Кога родителите мораат да ги потсетуваат своите деца да напишат домашно секој ден, оваа цел целосно се губи.

4. Домашната задача им остава помалку време на децата да бидат деца. Според информациите презентирани во статијата „The Tyranny of Homework: 20 Reasons Why You Shouldn’t Assign Homework Over The Holidays“, голем дел од децата не вежбаат доволно. Сите ученици, особено помладите, во текот на вечерта и за време на празниците треба да се пофизички активни, да играат на отворено и да учествуваат во спорт со пријателите. И наставниците, и родителите треба да ги охрабруваат децата почесто да учествуваат во вакви видови на активности.

Алтернативи за домашна задача за младите ученици

Како алтернатива на домашните задачи, постојат многу работи кои наставниците или родителите можат да ги направат за да се осигураат дека студентите се мотивирани и отворени кон повеќе учење.

1. Охрабрување на забавно читање. Според истражувањата, во основно одделение ова функционира многу подобро од домашната задача. Родителите и наставниците можат да проанјдат предмети за кои децата се заинтересирани и можат да ги стимулираат самите да читаат на глас. Иако прилагодувањето на оваа активност за секое дете ќе треба повеќе напор од хомогените домашни задачи, придобивките од читањето ќе бидат забележливи.

2. Учете ги на одговорност со дневни задолженија. Наместо да се потпирате на домашната задача да развие чувство на одговорност, постојат секојдневни навики кои можат да ги научат да бидат одговорни како што е будење и подготвување наутро, средување на креветот, помагање со задачите низ дома.

3. Научете ги дека секогаш треба да учат. Учениците во основно училиште постојано учат, такашто кога родителите и наставниците ќе се осигураат дека децата го сфаќаат овој концепт, тогаш домашната задача станува нешто споредно.

4. Однесете ги во посета на музеј. Толку многу можат да научат од научната или уметничката изложба. Уште поважно, знаењето и искуството стекнати на терен не може да се научи на било кој друг начин. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование