X
 12.04.2016 Технологија

Facebook има и скриено сандаче со пораки за кое никој не знае

Веројатно не сте знаеле досега, но постојат скриени пораки во вашето сандаче на социјалната мрежа „Фејсбук“ за кои не сте знаеле дека постојат. Досега веројатно знаете дека постои место во сандачето кадешто ги добивате барањата за пораки од луѓе кои не се во листата на ваши пријатели.


Излегува дека социјалната мрежа прави „пречистување“ за да одлучи кои пораки ќе се појават во вашето сандаче, а кои нема. Ова значи дека постојат потенцијално многу пораки кои воопшто не стигнуваат до корисниците, односно кои не биле испратени како барања за пораки.

Како да ги пронајдете овие пораки?

Одете во апликацијата „Messenger“, па одете во подесувањата на врвот.


Потоа одете во луѓе, односно „people“.


Потоа, одете во „message requests“.


Таму, одете до дното на страницата и ќе видите опција „See filtered requests“.


Слободно отворете го и видете кои пораки ви биле испратени, а не стигнале до вас.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија