X
 12.04.2016 Култура

Како да добиете совршени препораки за филмови, книги и музика?

Веројатно сте го забележале новиот феномен на интернет: страни за препораки на филмови кои се обидуваат да ви дадат совршени препораки за филм.

 

филм


Со тоа, луѓето престанаа да го користат Google кога станува збор за алатка за пребарување на следниот филм, па така се потпираат на ваков вид на веб страни. Но, добивањето на одлична препорака и не е баш лесно, а никој не сака да поминува часови читајќи форуми и блогови.

Токму тука на помош веб страната која тврди дека може да ви го пронајде совршениот филм за гледање за помалку од 0 секунди.

Веб страната „itcher“ не само што нуди одлични филмски препораки, туку ви помага и во пребарување на филмови, музика и игри.

После едноставено регистрирање на страната, можете да започнете да ги рангирате филмовите кои веќе сте ги гледале. Целта е страната да „научи“ додека вие ги рангирате филмови. Процесот треба да биде лесен, сликите се вчитуваат брзо, а откако ќе рангирате 5 наслови, ќе ви излезе известување кое ви кажува дека можете да ги прегледате вашите први препораки.

Ќе бидете пријатно изненадени од насловите кои ќе ги пронајдете: некои од филмовите веројатно веќе сте ги гледале, што докажува дека формулата функционира, а некои наслови веќе сте ги забележале, со што докажува дека страната знае што сакате.

Ако сакате да ги прегледате другите категории, и тие работат на ист принцип: прво мора да оцените 5 ставки за да ги добиете вашите први персонализирани препораки. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура