X
 12.04.2016 Технологија

Што би се случило ако вонземјаните се обидат да контактираат со Земјата?

Ако човештвото некогаш биде контактирано од вонземјани, како би реагирал светот? Како би се промениле луѓето?

 

karl


Во неговиот роман „Contact“, големиот астроном Карл Сејган го истражува токму ова прашање. Неговиот заклучок е дека ќе го натера човештвото да ги преиспита своите внатрешни конфликти и предрасуди.

Се`уште имаше политички конфликти, а некои од нив - како што е кризата во Јужна Африка се сериозни. Но исто така имаше и значителен пад во многу делови од светот на шовинистичката реторика и безначајниот саможив национализам. Постоеше чувство кај човечкиот род, милијарди ситни суштества низ светот, колективно претставени со досега невидена можност. За голем дел од нив, се чинеше апсурдно завојуваните држави да продолжат со своите смртоносни кавги кога се соочуваат со нечовечка цивилизација и многу поголеми можности“, пишува Сејган во неговиот роман.

Со децении после 1945 година, светот чуваше стратешко нуклеарно оружје и тоа постојано растеше. Дојде време кога има повеќе од 25.000 од нив на планетата, 10 за секој град. Но конечно светот се освести. Американците и Русите се обврзаа да ги намалат своите стратешки арсенали на илјада нуклеарни оружја секоја земја. Британија, Франција и Кина се согласија да започнат со редуцирање на супероружјето.

Сејган шпекулира дека вонземската порака би имала ефект врз откривање на човечката глупавост која довееде до поделба против себе. Тој вели дека нашите национални граници, во лицето на ситуацијата влијаејќи врз целината на нашиот мал, тажен свет ќе се појават како линии нацртани на песок, намалувајќи ги нашите политички конфликти управувани од нашето его.

Доста убав предлог. Неговата порака е дека треба да бидеме мудри за да ги достигнеме овие остварувања. Во лицето на еколошките кризи кои демнеат и континуираната војна и конфликт во 2013 година, неговата порака останува извонредно трогателна. Разбирањето на нашето вродено единство и заедничка судбина како население на Земјата не треба да бара случување од галактички размери. Во текот на следните децении, ќе биде наша одговорност да ја пронајдеме космичката перспектива на Сејган, ако сакаме да се здружиме и заедно да се соочиме и спротиставиме со бројните предизвици со кои се соочува нашата планета.

Дури сега луѓето започнаа да ја чувствуваат моќта на планетарната перспектива“, вели Сејган.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија