X
 14.04.2016 Образование

Европските земји каде најголем дел од учениците рано се откажуваат од образованието

Во просек, 11.2% од младите луѓе во земјите од Европската Унија рано го напуштиле образованието во 2014 година.

 

Образование


Во Шпанија е забележан највисок процент на ученици кои рано го напуштиле образованието - 21.9% од учениците на возраст од 18 до 24 години, додека Хрватска регистрира најнизок процент - 2.7.

Табелата подолу покажува дека Малта е веднаш после Шпанија, а на високо место се наоѓа и Бугарија со 12.9%. Најнизок процент на ученици кои рано го напуштаат образованието се Словенија со 4.4% и Хрватска со 2.7%.

Во периодот помеѓу 2009 и 2014 година, процентот на ученици кои рано го напуштиле образованието паднал за 3%, а во 2014 година за земјите од ЕУ беше повисок за 3.2% кога станува збор за младите момчиња отколку за младите девојчиња.

Стратегијата на ЕУ до 2020 година има за цел земјите членки на ЕУ да спроведат национални стратегии за да ја намалат бројката на луѓето кои го напуштаат образованието. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование