X
 15.04.2016 Живот

Кое е значењето на бројот 666?

Според книгата Откровение, бројот 666 не се однесува на ѓаволот, туку на самиот човек од крв и месо.

 

човек


Бројот 666 се однесува на Нерон, петтиот римски император, суров човек кого историјата го памети по неговата болна амбициозна личност предана на гонењето на христијаните. Така барем верува Ким Хајнс Ајцен, професорка на Корнел Универзитетот и експерт за раното христијанство.

Имено, на старогрчки јазик секоја буква имала нумеричка вредност, а кога ги соберете буквите од името Нерон, тогаш добивате 666, знакот на Ѕверот.

Секако, за многу имиња може да одговара истата сума, меѓутоа дека станува збор за Нерон потврдува и една подоцнежна верзија на Откровението пронајдена во Египет.

И навистина, со оглед на злосторствата кои ги извршил Нерон, но и тогаш кога книгата исчезнала, сосема е логично и можно авторот Јован (роден околу 15-та година) за Нерон да пишувал под шифрата 666.

Впрочем, експертите веруваат дек Откровението исчезнало во времето на владеењето на царот Дометијан, околу 95-та година, но како можност го земаат и тоа што книгата била напишана за време на прогонот на христијаните од Нерон.

„Во ова е мудроста: кој има ум, нека го открие бројот на Ѕверот. Тоа е број на човекот, а бројот е шестотини шеесет и шест“, пишува Јован во Откровението, можеби токму за Нерон. Во негово владеење биле убиени апостолите Петар и Павле.

За бројот шест во светите текстови се пишува дека е несовршен број и дека можеби се зборува за злото како нешто општо и создадено во Нерон, но бидејќи и самиот Јован бил прогонет на островот Патмос, теоријата на Хајнс-Ајцен навистина има цврста подлога и можно е авторите да мислат на оној од кого луѓето морале да бегаат поради нивната вера.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот