X
 15.04.2016 Живот

Необична љубовна приказна раскажана со Лего коцки

Аниматорот Кевин Улриц од Калифорнија одлучил да ја раскаже приказната за љубовта помеѓу него и неговата свршеница Селина Френ на малку необичен начин - со помош на Лего фигури во период од 73 секунди.

 

lego


Како што вели, сакал да го искористи своето знаење во анимацијата и искуството во изработка на видео со Лего фигури за да ја изненади својата сакана. Имено, Кевин работи со Лего фигури една година, а од „Lego Group“ го повикале во 2013 година да учествува во изработката на новите Хобит играчки.

Љубовната приказна помеѓу Кевин и Селин започнала на работното место пред околу две години кога Селина започнала да работи за компанијата во која работел и тој, но во почетокот малку се оддалечил од неа поради две причини. Прво, затоа што си ветил дека никогаш нема да излегува со колешка од работа, а втората причина бил нејзиниот татко.

„Нејзиниот татко ни беше бизнис партнер, а ние двајцата и не се согласувавме баш најдобро, поради што имав дополнителна причина да не ја поканам да излеземе“, вели Кевин.

Но, со текот на времето сфатил дека никаде нема да најде девојка како неа и сите компликации на крајот се исплатиле. „Денес повеќе не работиме заедно, а нејзиниот татко и јас станавме добри пријатели“, вели Кевин.

 

lego


„Првите шест месеци познанство постојано излегуваа знаци кои покажуваа дека треба да бидеме заедно, но јас цело време се одбивав да ги видам поради лошото искуство кое претходно го имав доживеано. Со текот на времето едноставно одлучив да се препуштам и и` реков: „Ти си вредна за ризикување“.

И двајцата се големи обожаватели на Дизни, Хари Потер, Војна на ѕвездите и Господар на прстените, а ја споделуваат и љубовта кон животните. „Секоја недела е нова авантура; обожаваме што авантурите можеме да ги доживееме заедно“, вели Кевин.

„Мојата канцеларија се наоѓа до нејзината, поради што знаев дека нема да можам да го направам видеото, а таа да не дознае. Неколку дена пред венчавката Селина ми рече: „Дали не би било одлично доколку би направил Лего видео за нас? Мислам, не дека треба да направиш, но ако сакаш би ми било навистина мило“.

 

lego


„Тогаш морав да и` признам дека го подготвувам видеото, и и` кажав дека бев сигурен дека нема да успеам да го сокријам од неа“, вели Кевин.

Нивната венчавка ќе биде на 17 април, а тие навистина се потрудија да биде оригинална и во знакот на нештата што ги сакаат.

„Нашиот танц ќе биде на Дизни песната „I see the light“, а последната песна од вечерта ќе биде „Everything is awesome“ од Лего филмот, вели Кевин.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот