X
 15.04.2016 Образование

Зошто децата треба да ги користат прстите на часовите по математика?

Истражување објавено изминатата година се фокусирало на специфичен дел од мозокот посветен на перцепцијата и претставувањето на прстите. Истражувачите знаат дека може да „видиме“ претставување на нашите прсти во нашиот мозок, дури и кога не ги користиме прстите во пресметувањето.


Истражувачите откриле дека децата на возраст од 8 до 13 години го користеле овој дел од мозокот кога решавале комплицирани проблеми со одземање. Истиот дел реагирал и за време на решавање проблеми со големи броеви и повеќе равенки.

Други истражувачи, пак, откриле дека колку повеќе учениците ги познаваат своите прсти во прво одделение, толку подобри резултати добиваат на тестовите по математика во второ одделение. Дури и кај студентите, перцепцијата за прстите може да ги предвиди резултатите поврзани со пресметување.

Потоа, постојат и докази дека кога луѓето вежбаат на начини со кои може да ги користат сопствените прсти, тие се подобри во тоа. Невронаучниците често дебатираат зошто прстите може да влијаат на достигнувањата во математиката, но сите се согласуваат во едно: знаењето е критично. Доколку учениците не учат за бројките преку размислување за своите прсти, бројките никогаш нема да бидат преставени нормално во мозокот.

Научниците порачуваат користење на прстите при броењето, но и поттикнување на учениците да ги разликуваат прстите. Сепак, се чини дека многумина сметаат дека користењето на прстите во математиката е бесполезно и не го охрабруваат кај децата.

Од друга страна, ново истражување покажува дека спречувањето на учениците да ги користат прстите при броење може да го спречи и развојот на математички вештини во мозокот.

The Atlantic“ нуди примери со кои може да се поттикнат децата да ги користат прстите повеќе.

Залепете им точки во боја на прстите и побарајте од нив да ги добрат соодветните копчиња.





Со истите точки во боја на прстите побарајте од учениците да ги следат линиите на овие лавиринти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование