X
 16.04.2016 Технологија

Исповед на еден програмер: Дали треба да сте генијалец за да научите да кодирате?

кодирање 

 

Мојот татко е во технолошката индустрија уште откако јас бев мало девојче. Мислев дека е Супермен во маска бидејќи често пати тој се сметаше за „компјутерски генијалец“. Тука, генијалец е клучниот збор.


Имав далеку повисоки поени на писмените завршни тестови отколку усните завршни тестови, но отсекогаш себеси се сметав за креативен вид на ученик кој повеќе е насочен кон хуманистичките науки. Мислев дека никогаш нема да бидам „компјутерски генијалец“ како татко ми.

Оттогаш поминаа многу години, а јас еве денес учам да кодирам. Со професионална технологија јас чувствувам обврска дека треба да научам.

Како што го започнав моето патување кон учење да кодирам, сликата од мојот татко како компјутерски гениј е првото нешто што ми паѓа на памет. Се разбира дека мојот татко е генијалец, но дали мора човек да е генијалец за да научи да кодира?

Одговорот е не. Се` што е потребно е подготвеност да се обидете нешто ново и добра смисла за хумор.

Во текот на мојата прва лекција „Intro to Javascript“ успеав да го создадам снешкото подолу.

 

кодирање


Го создадов со внесување на 15 редови на букви и броеви познати како кодови. Овие редови се специфични насоки за компјутерот. Тоа е како на компјутерот да му даваш рецепт да направи нешто, но овој рецепт не вклучува купување на намирниците и чистење после готвењето. Резултатот е слика која можете да ја споделите со пријателите и семејството.

Создавањето на не толку совршен снешко со кодирање е едно од најдобрите искуства во мојот живот. Ме натера да се чувствувам паметно, способно и ме натера да барам уште. Едвај чекам да започнам со мојата следна лекција како и денот да создадам нешто што ќе ми го направи полесен мојот секојдневен живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија