X
 18.04.2016 Образование

Како да им помогнете на студентите за време на испитите?

студенти

 

Активистката од „YoungMinds“ раскажува за притисокот што го чувствувала за време на испитите и како професорите можат да им помогнат и да ги поддржат студентите додека тие се под стрес.


Немојте да молчите


Како наставници, знаете дека вашите студентите се изразуваат на различен начин. Разговорот за нивното ментално здравје не е различен, па затоа не ги игнорирајте коментарите кои ги прави младата личност. Секој има различно ниво на чувствителност и она што би го занемариле може да биде навестување на многу поголем проблем. Започнете дијалог со младата личност за коментарот кој го направил/а.

Бидете отворени

Важно е студентите да ве почитуваат и да одржувате професионален однос. Но, кога станува збор за стресот и менталното здравје, помага да се сетиме дека сите сме луѓе. Разговарајте со студентите како што би разговарале со било која друга личност и бидете колку што можете поискрени.

Не ставајте премногу притисок врз студентите

Студентите се под постојан притисок или од родителите или од професорите. Студентите се грижат за нивната иднина. Доволно е што самите си вршат притисок, па не е потребно и некој друг да им врши.

Понудете практична поддршка

Практичната поддршка е доста важна за студентите. Понудете им секојдневни стратегии кои ќе им помогнат да се справат со притисокот. Со стратегии како планирање реалистичен распоред, самодоверба во сопствените способности како и игнорирање на се` што одзема внимание, а е неважно, студентите ќе успеат да ги реализираат приоритетите.

Поттикнете ги младите да побараат помош


Голем дел од студентите не бараат помош. Со тоа тие се изолираат од надворешниот свет со што се чувствуваат уште полошо и под поголем стрес.

Кога тие чувствуваат зголемено ниво на стрес за време на испитите, тоа влијае врз нивното ментално здравје. Затоа, ако видите како некој студент се бори, тогаш понудете му помош. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование