X
 20.04.2016 Издвојуваме

Заинтересирани сте за студирање во САД?

Американските универзитети нудат исклучително богат спектар на традиционални и иновативни програми на студии, кои заедно со атрактивните кампуси ја прават сосема разбирлива силната конкуренција меѓу огромниот број потенцијални пријавени кандидати. Токму затоа, патот до успешна апликација од година во година станува се посложен и понеизвесен.




Домашните апликанти имаат значителна предност – уште во текот на средното образование добиваат совети за сите прашања поврзани со понатамошните студии, па се до потенцијалните правци во кариерата.

Ваквите совети за интернационалните апликанти се многу ретки, или практично непостоечки. Тешкотиите со кои тие се сретнуваат во текот на процесот на аплицирање, но и подоцна, за време на престојот во САД, не поттикнаа да ја формираме Башовски консултантската агенција, со единствена цел да им овозможиме на нашите клиенти успешно да ги поминат сите потребни чекори – од идеја за студии во САД, преку избор на програм и можности за финансирање, до спремање на топ-апликација. За време на  престојот во САД, нашето мото е да бидеме “Семејство далеку од вашето семејство,” со совети за успешно вклопување во новата академска и социјална средина.

Особено ке ни биде драго да соработуваме со студенти од Р. Македонија. Контактирајте не со сите ваши потреби и прашања!
Повеќе детали на нашите веб и фејсбук страници!

http://www.bashovskiadvising.com/
https://www.facebook.com/BashovskiAdvising/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме