Сојузот на студенти по медицина на Македонија (ССММ) и оваа година ја продолжува традицијата на организирање интернационален конгрес за студенти и млади лекари.
По 39ти пат, ССММ како организатори се подготвени да им приредат незаборавен конгрес на сите учесници и предавачи. Како настан кој континуирано се надградува, обединува повеќе од стотици студенти и млади лекари, претставува гордост како за Сојузот, така и за Медицинскиот факултет во Скопје како еден од најстарите и квалитетни медицински конгреси во Европа.
Конгресот е од научно-истражувачки карактер, на кој што учесниците имаат можност да ги презентираат своите трудови кои секогаш восхитуваат со својата содржина. Преку презентации, постери, практични примери и идеи иновативниот академскиот дух преплавува и мотивира.
Голем број на генерации лекари, меѓу кои се издвојуваат и имињата на познати лекари, биле дел од овој конгрес, зголемувајќи ја мотивираноста и реномираноста.
39от Интернационален конгрес за студенти и млади лекари ќе се одржи од 7-10 Мај во хотел Силекс, Охрид, каде што брилијантни умови ќе ги слеат своите знаења во едно.