X
 21.04.2016 Култура

"Животинска фарма" - Човекот е единственото суштество кое консумира без да произведува

„Животинска фарма“ е алегорична и сатирична книга напишана од Џорџ Орвел во 1945 и објавена во Англија. Таа претставува прекрасна сатира за револуцијата, корупцијата и моќта. Двапати адаптирана во филм и вклучена во училишните планови во многу земји, книгата изобилува со богат јазик и одлични и мудри мисли. Еве ги највпечатливите.


„Човекот е единствениот вистински непријател кој го имаме. Отстрани го човекот од сцената и главната причина за глад и напор се забранети засекогаш.“

„Човекот е единственото суштество кое консумира без да произведува.“

„Човекот не служи на ничии интереси освен на своите.“

„Сите луѓе се непријатели. Сите животни се пријатели.“

„Не можеш ли да сфатиш дека слободата вреди повеќе од украсите?“

„1. Сè што оди на две нозе е непријател.
2. Сè што оди на четири нозе или има крилја е пријател.
3. Ниту едно животно нема да носи алишта.
4. Ниту едно животно нема да спие во кревет.
5. Ниту едно животно нема да пие алкохол.
6. Ниту едно животно нема да убие друго животно.
7. Сите животни се еднакви.“

„Ќе работам понапорно!“

„Повеќе од нив би протестирале доколку го најдоа вистинскиот аргумент.“

„Работата беше строго волонтерска, но секое животно кое се извлекува од неа ќе добива половина од сè.“

„Освен тоа, во тие денови тие биле робови, а сега се слободни, а тоа ја направи целата разлика.“

„Некако изгледаше дека фармата се збогатила без животните да се побогати - освен, секако, свињите и кучињата.“

„Сите животни се еднакви но некои животни се повеќе еднакви од останатите.“

„Суштествата надвор гледаа во свињата, па во човекот, па во свињата, па пак во човекот и во свињата и пак во човекот; но веќе беше невозможно да се каже кој е што.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура