X
 22.04.2016 Технологија

Линкедин со апликација за помош при вработувањето на студентите

Сигурно досега многу професионалци барем слушнале за „Линкедин“, доколку веќе не го користат.


Во споредба со останатите социјални мрежи, како „Фејсбук“ или „Твитер“, оваа социјална мрежа има за цел поврзување на професионалците, па доколку барате некој во одредена индустрија или доколку барате работа, „Линкедин“ е вистинското место за вас.

„Линкедин“ е социјална мрежа која има тенденција да биде сериозна/професионална и да го понуди најдоброто за секого. А, најдоброто за студентите можеби ќе биде новата апликација од компанијата. Се работи за апликација наменета само за студент - „Линкедин студентс“.

Апликацијата нема цел да ги поврзе студентите, туку да им помогне на студентите да се подготват за својата понатамошна кариера.

Апликацијата нуди опции за истражување различни вработувања според нивното образование, дава пристап до текстови со совети за кариера напишани за студентите, а студентите ќе можат и да видат кои компании најчесто вработуваат студенти од нивните високообразовни институции, како и многу други работи кои би биле корисни за студентите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија