X
 24.04.2016 Култура

Google доделува 15.000 долари за нови приказни инспирирани од технологијата

Холивуд е еден од главните виновници за сите стереотипи кои ги имаме за компјутерските научници. „Google“ сега сака да ги искористи филмот и телевизијата за да го промени ова.


Како што пишува „Deadline“, „Google“ изјавува дека соработува со „The black list“ за да доделува грантови до 15.000 долари за сценарија кои ја прикажуваат компјутерската наука во ново, свежно светло.

Сценаријата може да се испраќаат до 15 јули, а откако ќе бидат прегледани, ќе се одберат едно сценарио за филм и две телевизиски со кои се рушат клишеата во популарната култура за компјутерската наука. Оттаму, победниците ќе имаат шест месеци да работат на своите сценарија пред конечно да ги претстават финалните дела на компанијата.

Натпреварот има цел да ги отстрани стереотипите, но и се надева дека ќе понуди поголема изложеност на изолираните групи кои често не се претставуваат во телевизиските и филмски формати.

Ова е дел од иницијатива на „Google“ да ги инспирира младите луѓе активно да се вклучат во технологијата, особено младите жени и етничките малцинства.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура