X
 24.04.2016 Култура

Интересни обложувања за 6-та сезона на "Game of thrones"

1 

 

Предупредување: Статијата содржи спојлери од „Game of thrones“


Сигурни сте дека Џон Сноу се враќа меѓу живите? Сега можете дури и да се обложете на тоа. Британската веб страна за обложување „Betsafe“ ви овозможува да се обложите за случувањата и ликовите од 6-та премиера на „Game of thrones“. Можете да ги ставите вашите обложувања на различни теми - од тоа „Кој лик ќе умре прв?“ до „Како Џон Сноу ќе се врати меѓу живите?“.

Ова се некои од можностите за обложување.

 

1


Иако се чини како чудно предвидување, со оглед на тоа што е мртов, појавувањето на Едард Старк и не е лош облог. Се чини дека ќе се појави младиот Едард Старк - доказ за враќањата во минатото е прикажувањето на младата Серсеј во 5-та сезона.

Облозите за „Како Џон Сноу ќе се врати во живот?“ се прилично забавни и се чини дека воскреснувањето од страна на Мелисандра е најпопуларно.

 

2


Ако сте морбидна личност, дури и можете да ставите облог за тоа кој прв ќе умре. Се чини дека црно му се пишува на Џора Мормонт, и за среќа (за повеќето од нас и за Санса и Рик), Ремзи стои на сигурно второ место.

 

3


Исто така постои и категорија за причините за смрт.

 

4

 

Доколку се прашуваме ние, ова се нашите облози:


1. Денерси нема да стигне до Вестерос.
2. Младиот Едард Старк ќе се појави во сеќавање од минатото.
3. Дотраки ќе се бори за Денерис како нивниот лидер (барем некои, откако ќе го видат змејот).
4. Џон Сноу ќе воскресне.
5. Семејството Старк нема повторно да се обедини.
6. Едард Старк дефинитивно не е жив.
7. Од листата на ликови кои потенцијално ќе умрат, Алисер Торн може да е првиот кој ќе умре.
8. Ремзи ќе умре пред Тион.
9. Првата причина за смрт ќе биде убиство со меч.
10. Да, Џон Сноу ќе си замине од „Night's Watch“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура