X
 24.04.2016 Култура

Се` што треба да знаете пред премиерата на "Game of thrones"

Teшко е да се запомни што се случило во „Game of thrones“, особено со оглед на тоа што помина една година од финалето на 5-та сезона.

 

2


Обидот да се сетите на тоа кој се бореше со кој, кој предаде кој и кој склучи злобен пакт со кој, може да биде здодевна работа. Обидувајќи се да се сетите на тоа што се случуваше цела 5-та сезона е доста тешко. Со цел да им се помогне на гледачите и обожавателите на серијата, HBO објави три минутно видео во кое се раскажани сите поважни моменти од 5-та сезона. Иако ова е одлично за враќање на меморијата, сепак не ги вклучува помалите настани, кои се важни а кои не се вклучени во видеото.

Кингс лендинг

Во центарот на минатата сезона беше пропаста на Серсеј Ланистер и нејзината „прошетка на срамот“. Нејзиниот син Томен Баратеон се ожени со Марџери Тајрел, па Серсеј започна да губи контрола која можеше да ја одржува додека беше на власт нејзиниот најстар син, Џофри.

 

1


Во обид да ја задржи моќта, Серсеј ја поддржува „Faith Militant“, гранка на Верата на седумте. Додека Серсеј мисли дека со нивна помош ќе ја задржи моќта и власта, се' пропаѓа во вода кога во градот се враќа Лансел Ланистер, како член на „Sparrows“, група од религиозни лица. Како дел од нивната мисија е да го исчистат градот, да го уапсат Лорас Ланистер поради хомосексуалност, и да ги затворат Серсеј и Марџери за нивните дела на неверство. Кога Серсеј признава дека го изневерила сопругот Роберт со Лансел, таа е осудена на „прошетка на срамот“ - гола, шета низ улиците на градот додека граѓаните плукаат и фрлаат камења по неа. Со ова се означува почетокот на емоционалната и менталната пропаст на Серсеј.

Што би можело да се случи оваа сезона: Серсеј падна, меѓутоа се`уште постои борба која може да ја победи. Таа копнее по контрола, иако овој пат е спречена од смрттта и жалењето на нејзината ќерка/

Џејми, нејзиниот брат близнак и љубовник се враќа назад да ѝ помогне додека таа се справува со се' што ѝ се случи.

Ѕидот


На Џон Сноу, контроверзната фигура во „Night's Watch“, му е дадена можноста да завладее со Винтерфел, замокот во кој тој живеел со неговиот татко Нед Старк пред да му се придружи на браќата на Ѕидот. Но, Сноу одбива - одлука поради која ќе зажали до крајот на сезоната - и наместо тоа започнува нова улога како Командант на Ѕидот.

И покрај тоа што ги избира неговите браќа во црно, не е толку лесно колку што би сакал тој. Кога тој донесува одлука да склучи примирје со Дивјаци (Wildlings), со тоа предизвикува поделба помеѓу членовите и тие започнуваат да протестираат против неговата одлука.

 

2


И покрај несогласувањата, тие ги следат наредбите на Џон Сноу и започнуваат да евакуираат едни од селата на Дивјаци, откако селото било под напад на група на Белите Шетачи (White Walkers). Иако губат голем број луѓе во текот на битката, Џон и неговиот тим успеваат да ги донесат Дивјаците позазди ѕидовите на Замокот Блек.

Иако мисијата беше успех, откако Семјуел Тарли и Гили заминуваат, Џон губи дел од неговата поддршка. Работата се влошува и после смртта на Маестер Ејмон. Џон се справува со група на луѓе кои се разочарани од него како лидер и кои сакаат да го видат мртов. На крајот, тие се уморуваат од тоа што Џон Сноу нема почит кон нив, го мамат во замка и го избодуваат до смрт.

Што би можело да се случи оваа сезона: Најпрво, прашањето дали Џон Сноу е мртов конечно ќе биде одговорено. Иако НВО соопшти дека ликот е мртов, сепак фановите се`уште имаат надеж дека Џон некако ќе воскресне и ќе се врати.

Се чини дека Мелисандра ќе игра клучна улога во премиерата на шеста сезона и ќе го воскресне Џон од мртвите. Без разлика, големи промени доаѓаат во Замокот и Ѕидот. И секако, подгответе се за повеќе Бели Шетачи кои ќе донесат хаос и страв.

Мерин


Тешко е за Денерис да одржува контрола на бунтовниците, Синовите на Харпијата (Sons of the Harpy), па така минатата сезона тие конечно се побунија против неа. Во обид да ја турнат од власт, Синовите започнаа да убиваат граѓани на Мерин и членови  на Ансулите (Unsully), армијата посветена да ја доведе Денерис на власт. Тие исто така го убиваат Баристан Селми, еден од најлојалните поддржувачи на Денерис.

Додека Денерис се справува со стресот во Мерин, Тирион Ланистер и Варис пристигнуваат во Пентос, откако го напуштија Кингс лендинг кога Тирион го уби сопствениот татко, Тајвин. Во текот на нивното патување, Тирион и Варис поминуваат низ Валентис, каде Тирион е забележан од Сер Џора Мормонт, обожавателот на Денерис. Џора го киднапира Тирион и го носи назад во Мерин во обид повторно да ја добие довербата на Денерис.

 

3


Денерис ја прифаќа помошта на Тирион како нејзин советник, меѓутоа не му простува на Џора. Но, кога таа е нападната, Џора ја спасува. Истиот момент пристигнува змејот Дрогон и Денерис успева да избега и да си го спаси животот. Таа заминува далеку од градот, но се пронаоѓа себеси опкружена со Дотраки членовите.

Назад во Мерин, Џора заминува обидувајќи се да дознае каде отиде Денерис, оставајќи ги Тирион и Варис да се грижат за градот.

Што би можело да се случи оваа сезона: Денерис ќе се обиде да се врати во Мерин. За среќа, ќе има повеќе сцени со Дрогон кој покажа колку е заштитнички настроен кон неговата мајка. Ова може да е сезона во која Џора повторно ќе има голема еулога. Неговата посветеност е безрезервна, со што Денерис можеби ќе му прости за неговите грешки. Поинтересна е приказната на Тирион. Тој за прв пат има вистинска моќ над одредена група на луѓе, а ова е нешто за кое повеќето луѓе се заинтересирани. Ќе имаме можност да го видиме каков е како лидер, со што ова би бил возбудлив развој.

Винтерфел


После заминувањето на Робин Арјин, синот на Лајза Ајрин и наследникот на престолот на Вејл, Питер Литлфингер оди во Винтерфел со Санса Старк, Бриен од Тарт и нејзиниот помошник, Подрик. Санса постојано се обидуваше да се врати во Винтерфел, но постојано паѓаше во стапица со што се одложуваше нејзиното патување.

 

5


Кога пристигнува дома, таа мора да се омажи за Ремзи Болтон, во обид да ги обедини Вејл и Винтерфел. Резултатот е една од најбруталните сцени на сексуално насилство во историјата на серијата. Ремзи ја силува Санса додека го принудува Рик/Тион да гледа.

За среќа, Санса и Тион прават план за бегство, но работите одат во погрешна насока. Рик ја убива ќерката на еден од чуварите на Винтерфел и со Санса скокаат од кулата.

Што би можело да се случи оваа сезона: Ремзи не е свесен дека неговото „домашно милениче“ Рик и неговата сопруга го напуштија Винтерфел. Во трејлерот видовме делови од премиерата кадешто му кажуваат што се случува и секако, тој е доста лут. Работите ќе бидат и тоа како крвави ако успее да ги фати Санса и Рик.

Северот

Станис Баратеон се обидува да го освои Тронот, и се`уште ги следи наредбите на Мелсандра. Со тоа, ја убива неговата ќерка, но ја губи половина армија и неговата сопруга, која се самоубива.

Со останатите сили Станис оди во Винтерфел, но тој и неговата армија се уништени од Болтон. Кога битката е завршена, откриено е дека Станис е убиен од Бриен и Мелисандра заминува од Замокот.

Што би можело да се случи оваа сезона: Најголемата шпекулација е тоа што Мелисандра ќе ги искористи своите волшебнички сили за да го врати Џон меѓу живите.

Бравос


Арја Старк оди во Бравос за да тренира од Безличните луѓе (Faceless Men). Кога ѝ е наредено да убие нечесен агент, таа ја напушта својата мисија. Користејќи лажно лице, таа успева да го убие Мерин Трант. Како резултат на тоа таа го губи видот.

 

arja


Што би можело да се случи оваа сезона:
Арја ќе помине доста време за да научи како да се движи низ градот слепа. Таа ќе мора да плати уште еднаш бидејќи не го слушаше нејзиното ново семејство и уби човек кој не требаше да го убие. Ова ќе биде важна сезона за Арја и нејзиното созревање.

Премиерата на шестата сезона на „Game of thrones“ ќе биде прикажана вечерва. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура