X
 24.04.2016 Култура

Шест серии кои мораш да ги гледаш оваа пролет

Разбуди се од зимскиот сон и оваа пролет уживај во новите супер серии. Со оглед на тоа како се чувствуваш, дали те фатил пролетниот замор или чувствуваш полет, избравме неколку серии кои никако не смееш да ги пропуштиш.

Нешто откачено и опасно

Ако оваа пролет се чувствуваш како мачо, тогаш сигурно не би смеел да ги пропуштиш сериите во кои сѐ вреска од мажественост. Тука има насилство, вербални судири, пукање, бркотници и сите работи што прават некоја серија да е напната.

Милијарди (Billions) носи свеж поглед врз борбата на двајца моќни мажи од кои еден е на страната на законот, а другиот има пари со кои ги решава сите свои проблеми.

Надмудрувањето помеѓу Чак (Пол Џијамати) и Екс (Демијан Луис) повеќе наликува на борба со рогови помеѓу двајца препотентни мажјаци. Но во тоа има шарм, затоа што во ниту еден миг не знаеме кој од оваа приказна ќе излезе како победник.



Моќ (Power) носи приказна за парите. Што е њујоршкото подземје без моќниот гангстер како што е Дух? А кога уште ќе ти кажеме и дека Дух е портретиран според контроверзниот рапер 50 Сент, кој во животот поминал низ сѐ и сешто, па дури и дека бил ранет, сигурно нема да можеш да одолееш. Дух не е Волтер Вајт, но пукање и насилство има точно толку колку што треба. Без граници (Limitless) е серија создадена според истоимениот филм, а е возбудлива затоа што дејството не е стиснато во два часа, туку во 22 епизоди (засега). Чудната таблетка НЗТ, која го зголемува капацитетот на мозокот кај протагонистите, отвора нови светови и ги води во игра со моќниците, а тебе ти нуди еден куп возбуда, бркотници, откривања тајни и поигрување со психата.

Нешто нежно и љубовно

Ако оваа пролет те понесат заљубеноста и нежните чувства, на Pickbox во секој миг можеш да најдеш серии кои одговараат на состојбата на твојот дух. Секако, не се работи за лигави љубовни серии, туку за моќни серии кои љубовта (и сето тоа што оди со неа) ја прикажуваат на нов начин.



Афера (The Affair) е серија која нуди целосно нова перспектива на брачното неверство. Заљубеноста на Ноа Саловеј (Доминик Вест) и на Алисон Бејли (Рут Вилсон) ќе ја видиме како приказна раскажана од две перспективи, па конечно ќе ни стане јасно зошто ништо не е како што изгледа. Атмосферата на оваа необична приказна за љубовта ќе ја загреат и сцените со жежок секс.

Одмазда (Revenge) е серија која ќе ве освои во истиот миг кога ќе ја погледнете првата епизода, нема да има враќање. Во серијата, младата Емили Торн доаѓа во снобовската населба Хемптонс каде што своите први соседи, безобразно богатите Грејсонови, ги мрази од дното на душата. Тука има љубов, да не се лажеме, но првенствено ќе дознаете дека патот на одмаздата е мачен, тежок и никогаш нема да знаете каде ќе ве однесе.

Си било еднаш (Once Upon a Time) е доказ дека бајките никогаш нема да излезат од мода. Ако сакаш да знаеш како би изгледале во вистинскиот живот Снежана, Пепелашка, Црвенкапа, Рампелстилскин, Пинокио, Трнорушка и многу други ликови, ова е серија за тебе. Колку е волшебна оваа серија зборува и фактот дека Џенифер Гудвин и Џош Далас се запознале на снимањето и се венчале. Ако ти се допадна „Си било еднаш“, тука е и Си било еднаш во Земјата на чудата, приказна за Алиса која открива цел еден свет од онаа страна на зајачката дупка.

Нешто за децата

Со оглед на тоа дека цртаните на „Дизни“ се вистински класици кои немаат рок на траење, децата на Pickbox може да се забавуваат со „Снежана“ која е снимена во 1937 година, „Бамби“ од 1942 година, „Петар Пан“ од 1953 година, а сигурно ќе уживаат и во многу современи адаптации како „Малата сирена“, „Аладин“, „Ѕвонарот на Богородичната црква“, „Болт“,

„Храбрата Мерида“ и многу други.

Цртаниот Растури ги Ралф (Wreck it Ralph) е комедија за еден антихерој кој сака да стане херој. Овој урнебесен цртан филм, во кој Ралф се обидува да го промени својот живот, ќе го насмее секое дете, но и возрасен човек кој сака откачени ситуации.

Кралот лав (The Lion King) е еден од најпознатите цртани филмови на „Дизни“ и е приказна која ќе го разнежни секое дете. Ова е приказна за кралот на животните, младиот Симба, кого предавството од стрико му го тера во прогон. Со помош на дивото прасе Пумба и на меркатот Тимон, Симба ќе се обиде да ги поправи работите кои тргнале наопаку.

На Pickbox во мај пристигнува цртаниот филм Заплеткана (Tangled), а до тогаш можеш да уживаш во двете продолженија на авантуристичкиот цртан Тарзан. Цртаниот филм награден со „Оскар“ е приказна за момче кое го одгледале горили во џунглата и кое мора да одлучи дали му е местото со луѓето или во дивината.

Најдобрите работи не можат да се купат со пари, но втората најдобра чини само 299 МКД и ти овозможува гледање на повеќе илјади часови серии, филмски класици и цртани на „Дизни“. Секако, се работи за интернет телевизијата Pickbox на која оваа пролет можеш да најдеш десетици супер серии кои можеш да ги гледаш кога било и каде било. Ослободи се од далечинскиот управувач, најди го своето омилено удобно место и одмори се со една од сериите што ти ги подготви Pickbox.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура