X
 25.04.2016 Живот

На работа и после 70 години?

Германскиот Министер за финансии, Шојбле, размислува за прилагодување на времето за пензија со долгиот животен век, а експертите се согласуваат.


Германскиот Министер за финансии, Волфганг Шојбле, вели дека заминувањето во пензија да биде пофлексибилно. Наместо строго да се одредува времето на 63, 65 или 67 години за заминување во пензија, би било подобро тоа да се одредува на пофлексибилен начин според него.

- Мора да се подготвиме за демографски развој - изјавил министерот.

Трошоците за здравствена нега, пензија и нега за оние кои имаат потреба треба да се поврзува со фактот дека ќе има сè помалку вработени. Моментално во Германија пензија примаат речиси четвртина граѓани, односно околу 20 милиони луѓе.

Економските експерти од организацијата ОЕЦД ја поздравуваат иницијативата на министерот на една од најважните индустриски земји во светот. Кога станува збор за другите развиени земји, во Данска до 2060 година пензијата треба постепено да се зголеми за 72 години, во Италија на 70 години, а во Чешка на 69 години. Во Германија до 2030 година границата би требала да се зголеми на 67 години.

Експерти од Организацијата за економска соработка и развој велат дека населението во Германија старее побрзо отколку во повеќто развиени земји и долгиот животен век ќе влијае на економијата. Оваа организација претпоставува дека до 2060 година во Германија ќе има и до 15 милиони помалку вработени лица, што значи дека ќе има и помалку граѓани кои ќе плаќаат за здравствен и пензиски фонд.

Меѓутоа, оваа иницијатива не наишла на одушевување кај повеќето. Границата за заминување во пензија е чувствително политичко прашање поради кое во Франција се протестира. Несогласување покажале и колегите од партијата на Шојбле и од нивниот коалициски партнер, германските Социјалдемократи.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот