X
 25.04.2016 Образование

Студенти, не губете време помнејќи го она што не можете да го сфатите

Општиот совет од психологијата е: наставникот го оценува она што го знае. Но, дали е праведно кон оние кои го знаат материјалот и го сфаќаат?

 

ajnstajn


Алберт Ајнштајн и Ричард Фајнман биле големи физичари, соработници, Нобеловци... Заедничко им било тоа што нивното толкување на сложени концепти било легендардно едноставно и разбирливо. Заедничко им било и тоа што од нивните студенти барале да го парафразираат она што ќе го слушнеле на предавањето или што ќе го прочитале, па тоа да го преведат на обичен, разбирлив јазик. Поточно, барале од студентите накратко прецизно да објаснат концепт без да ги користат зборовите кои ги научиле. Тие сметале дека студентот кој може да ги повтори зборовите на професорот или зборовите од книгите - знае, но оној кој може да објасне и со свои зборови - и знае и сфаќа.

Начинот на кој Фајнман ги учел своите студенти подоцна е наречена Фајнманова техника. Станува збор за едноставна и успешна техника која помага не само да учите побрзо и подобро да сфатите, туку  веднаш да ги забележите дупките во вашето знаење и разбирање. Техниката се состои од само четири чекори.

 

1. Избери го концептот кој не го сфаќаш .
- Напиши го на празен лист

2. Објасни со свои зборови како да му објаснуваш на пет годишно дете.
- Користи едноставни зборови и обиди се да го објасниш во една реченица.

3. Ако не можеш да го објаснеш тоа значи дека не го сфаќаш доволно. Повторно прочитај во книгите.
- Не потцртувај, туку толкувај го онака како што го сфаќаш.

4. Кога можеш да го објаснеш во една реченица, оди подлабоко и запомни ја стручната терминологија.
- Го помниш она што го сфаќаш.


Пред крајот на годината кога многу ученици се будат од сонот и сфаќаат дека мораат да седнат и да учат, тие паѓаат во замката на потцртувањето: тие потцртуваат и со тоа настојуваат да запомнат иако половина од материјалот воопшто не го сфаќаат. Губат доста време, а на крајот она што го запомниле брзо го забораваат. Потребно е себеси да си го разјаснат она што не го сфаќаат и со тоа ќе го сфатат. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование