X
 26.04.2016 Живот

Економската неспособност на граѓаните - поволна клима за власта или двигател на промените

Поминувајќи низ центарот на Скопје деновиве, а особено вечерта кога беше испратена силна „порака“ за одбрана на Републиката и анализирајќи ги остатоците од таа вечер, имено големо знаме, бројност, сендвичи... се тоа беше фрлено во сенка на оградата која што беше поставена и одредени момци ја вадеа после „одбраната“. Зошто фрли сенка?-Едноставно е за да се покаже бројноста на тој митинг, собир или што и да беше, на илјадници граѓани им беше ограничено правото на движење...



Уставот на Република Македонија од 1991 година го прокламира следново начело
Член 27

Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.

Од ова може да се види дека правото на слободно движење на територијата на Републиката е неприкосновено и истото може да се ограничи со закон.

Не можам да се обидам да го замислам тоа чувство на ограниченост на жив човек, ми се врати сликата од Белгија од една зоолошка градина во која човек поради својата боја на кожа беше ставен во кафез... истото беше и тука само без боја на кожа, но со една предиспозиција економска неспособност!

Искористувајќи ја неспособноста на народот за да се остварат своите цели на одбрана, заштита или зачувување на својата глава е мизерно, чиста перврезија со која мора да се носи еден цел колективитет, една цела нација...

Споредбените искуства велат дека економската неспособност била двигател на клучни промени, но овде е само храна на нечија перверзија... тажно е да знаеш дека во денешно време нечија немоќност е искористена за цели на поединци.
Уставот стана само една обична декларација...

We the people are the rightful masters of both Congress and the courts, not to overthrow the Constitution but to overthrow the men who pervert the Constitution. Abraham Lincoln

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
Подготвил: Емир Демировиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот