X
 27.04.2016 Образование

Над половина од матурантите би препишувале за време на испитите на факултет

Препишувањето на нашите факултети е забрането. Сепак, се чини дека тоа не ги спречува студентите да го практикуваат, особено доколку не се подготвиле. Изненадува тоа што голем дел од матурантите уште сега планираат да препишуваат на испити доколку не успеат да се подготват навреме.


На анкетата спроведена на денешните матуранти, 46% од испитаниците одговориле дека би препишувале на испити доколку не се подготват навреме. 24% не планираат да препишуваат, но немаат ништо против препишувањето; 17% сметаат дека за препишувањето нема оправдување; 13% ќе препишуваат секогаш кога ќе имаат можност.

Дали би препишувале за време на испит или колоквиум?
Create pie charts


Доколку ги собереме процентите на матурантите кои одговориле дека би препишувале доколку не се подготват навреме и оние на матурантите кои ќе препишуваат секогаш кога ќе имаат можност, добиваме процент од 59% матуранти кои се подготвени да препишуваат за време на студиите.

Во споредба со 2012 година, процентот на матуранти кои би препишувале е зголемен.

Дали би препишувале за време на испит или колоквиум? 2012 vs. 2016
Create your own infographics


Можеби ова е последица на промената на целосниот став кон универзитетските студии на македонската младина. Имено, процентот на матуранти кои ќе студираат за да се здобијат со повеќе знаења во областа што ги интересира е намален за 23% во последните четири години.

Зошто сакате да студирате? 2012 vs. 2016
Create column charts


Како се препишува на испити во Македонија?

Додека некои студенти помнат стотици страници за испит, други го решаваат проблемот со тешките испити со купување „бубици“ или минијатурни изданија од книгите. Некои студенти препишуваат и со мобилните телефони, во кои ги имаат материјалите за испит.

Една од најсовремените техники е користењето на бубици кои може да се најдат на продажба дури и на интернет-огласниците, а нивната цена се движи од 5 до 50 евра, дознава „Факултети.мк“.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование