X
 01.05.2016 Технологија

Најголемите промени кои ги воведува Facebook оваа година

„Фејсбук“ е познат по поместување на технолошките граници и воведувањето новитети во начинот на кој комуницираат луѓето. Пред десет години, малкумина очекувале дека една социјална мрежа ќе биде лидер во дигиталните иновации, но „Фејсбук“ остана најдинамична технолошка компанија на светот и нема да се плаши да го покаже тоа ниту оваа година. Ова се најголемите промени кои не` очекуваат оваа година.


Виртуелна реалност

Не е тајна дека компанијата го купи „Окулус“, лидер во истражувањата на подрачјето на виртуелната реалност. Тоа значи вклучување што повеќе содржини преку 360-степенски панорами на социјалната мрежа. Но, прашање е дали виртуелната реалност навистина ќе оживее. Доколку развојот продолжи како досега, сигурно ќе се случи тоа.

Instant articles

Оваа алатка е дизајнирана за да го задржи корисникот што подолго на „Фејсбук“ и за да ја зголеми достапноста на објавените содржини. На овој начин, сите добиваат. Корисниците побргу го добиваат она што им треба, а „Фејсбук“ е задоволен бидејќи корисниците подолго остануваат на социјалната мрежа.

Facebook M

Со дигиталните помошници како „Сири“ и „Кортана“, компанијата се надева дека со оваа алатка ќе успее и во тоа подрачје. Се работи за личен асистент базиран на „Месенџер“. Тој користи сличен алгоритам на „Сири“, но се основа на тим на луѓе кои управуваат со него во позадина.

Промени во огласувањето

Платформата за огласување на „Фејсбук“ не престана да се менува откако се појави пред 10 години. Беа воведени многу надградби, но се чини дека социјалната мрежа отсега ќе вклучи и повеќе хибридни функции за подобрување на огласувањето.

Видливост

Видливоста на страниците се намалуваше во текот на годините, а објаснувањето на „Фејсбук“ беше дека со тоа на корисниците им се овозможува порелевантни содржини кои се побитни. Но, на овој начин огласувачите се принудени да платат за нивната видливост да биде поголема.

Услуги за огласувачи

„Фејсбук“ ќе направи голем чекор за корисниците на „Месенџер“, а посебно за професионалците. Некои огласувачи веќе сега може да го користат „Месенџер“ за да стигнат до некои корисници и да дознаат повеќе за нив. Оваа опција, која засега е ограничена, ќе се развива.

Видео содржини

Апликациите како „Перископ“ и „Миркет“ стануваат се` попопуларни, па сега „Фејсбук“ планира да направи и апликација за испраќање видеа во живо.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија