X
 03.05.2016 Образование

Исак Асимов: Луѓето да не мислат на образованието како нешто што завршува

Колку ноќи сте поминале на каучот прашувајќи се за некои нешта и изразувајќи љубопитност? Со колку историски личности би сакале да разговарате? Уште колку книги чекаат да ги прочитате? Колку прашања поставувате?


Кога станува збор за знаењето, важно е да ја имате желбата да знаете без особена причина, да дебатирате, да прашувате без очигледен одговор, да купувате повеќе книги отколку што има часови за читање. Исак Асимов ја познава оваа желба. Како да учите до последниот ден од животот? „Зен Пенсилс“ стои зад стрипот нацртан според советите на Асимов за доживотно учење. Еве што вели тој.

Луѓето мислат за образованието како нешто што може да го завршат. Згора на тоа, кога завршуваат, тоа е церемонија. Завршувате со училиштето.

Повеќе не сте дете. Затоа, се` што ве потсетува на училиште - читање книги, добивањето идеи, поставувањето прашања - тоа се детски работи.

Сега сте возрасни. Не го правите тоа повеќе. Сите околу вас се радуваат што повеќе не учат. А вие ги засрамувате со продолжување со учењето.

Ако имате образовен систем со компјутери. Тогаш секој, на секоја возраст, може да учи сам и може да продолжи да биде заинтересиран.

Ако уживате во учењето, нема причина за престанување на било која возраст. Ми се чини дека кога ќе дојде време за умирање, а тоа ќе стигне за сите нас, ќе има некакво задоволство во помислата дека сте го искористиле вашиот живот добро.

Дека сте научиле колку што сте можеле, сте собрале колку што сте можеле од универзумот и сте уживале во него.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование