X
 03.05.2016 Образование

Навиките на успешните дигитални претприемачи денес

Бизнисот каков што го знаеме веќе е во минатото. Традиционалните индустрии кои ги знаевме и можеби ги сакавме веќе се застарени. Мобилните апликации кои ни овозможуваат да се поврземе, да купуваме и да резервираме додека пиеме кафе се само дел од оваа револуција.


Постојаното движење од работа на работа ветува и целосна промена на културата. Веќе не се наоѓа работа само за да се работи, туку за да се создаде живот кој ќе му одговара на креативниот индивидуалец. Успехот повеќе не се мери со пари. Успешниот претприемач денес го работи тоа што го сака. Дигиталната револуција само го олеснува сето ова. Кои се навиките на дигиталните претприемачи во овој свет денес?

Тие се флексибилни

Како што го менуваме бизнисот, се менуваме и себеси. Флексибилноста е основна доколку сакате да одите напред.

Не се плашат од неуспех

Училиштето не` учеше да не креваме рака ако не сме сигурни дека го знаеме точниот одговор. Неуспехот беше виден негативно. Но, многу успешни стартап-компании морале да ги менуваат бизнис моделите повеќепати. Неуспехот, сепак, не е нешто лошо. Дури и Ајнштајн рекол дека „Секој кој не направил грешка не пробал нешто ново“.

Изградете бизнис агилност

Големите организации кои доминираат во индустриите потешко ја направија промената за модерното време и затоа се намалуваат. Успешниот дгитален претприемач може да ја промени насоката и се` што е потребно за да продолжи понатаму.

Размислувајте глобално

Дигиталните претприемачи не се ограничени на геополитички граници. Тие разбираат дека вревата е поголема денес и тие се глобални. Бизнисите денес, особено дигиталните, се натпреваруваат на глобално ниво. Вчерашната мала идеја е денешниот голем бизнис.

Давајте идеи бесплатно

Во минатото, давањето идеи било сметано за опасно и глупаво. Тоа не е случајот денес. Споделувањето на идеите гради доверба и репутација. Откривањето на идејата е една работа, но реализацијата е друга.

Дигитален маркетинг

Дигиталниот социјален интернет богат со содржини нуди нови алатки и тактики. Сега се работи со повеќе податоци.

Користете ги најголемите умови

Стариот модел со повеќе вработени под ист покрив се распаѓа. Големите бизниси денес нудат алатки за глобален бизнис. Најдобрите вработени воопшто не мора да бидат во вашата канцеларија, па дури ни во вашата земја.

Присвојуваат нови алатки

Интернетот ни нуди пристап до евтини, а честопати и бесплатни алатки кои се продавале за милиони пред само една деценија. Алатките се менуваат. Користете ги пред да започне да ги користи вашата конкуренција.

Прифатете ја брзината на промена

Брзината на промени расте. Модерниот претприемач мора да разбере дека она што функционира денес можеби нема да функционира утре. Мора да размислувате за вашиот бизнис како во постојана пробна верзија.

Постојано животно учење

Дигиталниот свет не толерира спор и застарен ум. Се бара љубопитност. Дипломата можеби ќе ве внесе во играта но потоа мора да продолжите со консумирање на знаење и да учите што повеќе. Успешните претприемачи не седат, туку пробуваат, кршат правила и учат со брзина на светлината. Тогаш се појавува успехот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование