X
 04.05.2016 Култура

Теоријата според фановите на "Game of thrones" поврзана со Тирион Ланистер

Внимание: Статијата содржи спојлери за 6 сезона, 2 епизода!

 

 1


Во епизодата „Hоme“, Тирион го исполни неговиот животен сон и успеа да ги запознае живите змејови на Денерис. Со тоа, фановите повторно се вратија на старата теорија дека Тирион е Таргариен.

 

http://rubyredwisp.tumblr.com/post/143735537117/everyone-laughed-like-it-was-the-funniest-thing

Како? Порано, Тајвин Ланистер бил раката на лудиот крал Аерис - таткото на Денерис кој бил убиен од Џејми Ланистер за време на бунтовите на Роберт. Аерис тајно ја посакувал жената на Тајвин, Џоана - всушност тој бил со неа за време на нејзината брачна ноќ. Некои фанови веруваат дека тој бил со неа и подоцна - или имал афера со неа или пак ја силувал со што таа забременила со Тирион. Доказите за оваа теорија не се толку силни како теоријата Р+Л=Ј, меѓутоа базирана е на длабоката омраза на Тајвин кон Тирион.

 

                                1                                                                    

Исто така, тука е и фактот што косата на Тирион во книгите е опишана како „толку русокоса што се чини бела“, со што е слична со косата на Тарагриен семејството, отколку „златната коса“ на семејството Ланистер. Исто така, опишан е дека има „едно зелено око и едно црно“, со што фановите веруваат дека тоа укажува на неговата „измешана“ крвна линија.

 

4


Освен тоа, тој успева да ги скроти змејовите, што значи дека тоа е во неговата крв.

 

5

 

Ако оваа теорија е вистина, тогаш Тирион и Џон се Таргариен, со што ќе се исполни идејата дека, заедно со Денерис, тие ќе ги формираат трите глави на змејот, како што вели пророштвото.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура