X
 05.05.2016 Образование

Професорка открива: Сите студенти не прават една клучна работа за успех

На почетокот, нормално е да се плашиме од своите професори и останатите предавачи. Слично се чувствувала и професорката Фиби Бронштајн кога како бруцош пристигнала на Универзитетот во Калифорнија на првото предавање кое го слушала заедно со 400-на колеги.


Во првата година од студиите, предавањата честопати се масовни, а професорите се дистанцирани, па дури и застрашувачки за бруцошите. Денес, Фиби предава пишување и медими и една од првите работи кои им ги кажува на своите студенти е да ги запознаат своите професори и да им се обратат со било кое прашање кое сакаат да им го постават уште на почетокот.

Терминот за консултации е тајно оружје на студентот, смета таа, а повеќето студенти не знае да го искористи. Разговорот во четири очи со професорот им помага на студентите да напредуваат, полесно да го положат испитот и да добијат подобри оцени. Исто така, им помага на студентите да создадат лични контакти и односи со професорите, што може да им помогне во ситуации кога ќе им требаат препораки за стипендии, последипломски студии и слично.

Меѓутоа, повеќето студенти, без разлика на овие предности, и понатаму ги одбегнуваат консултациите и разговорите со професорите. Терминот за консултации на професорот е одвоен токму за студентите и вие треба само да го искористите.

Добри и лоши прашања

Професорката советува на разговорите со професорите да се доаѓа подготвен. Прашањата како „Можете ли да ми кажете што е најважно од денешното предавање?“ или „Можете ли да ми дадете повисока оцена?“ не се најдобри и само би можеле да го налутат професорот.

Конкретни прашања за дел од литературата која не ја разбирате или нешто што не сфаќате се добри причини да се отиде на консултации. Со ваквиот однос, студентите порадо ќе учествуваат и во дебатите на предавањата бидејќи ќе се чувствуваат послободни да ги истражуваат своите мислења.

Останете во контакт и по дипломирањето

Личните односи со професорите може да ви помогнат и по дипломирањето. Некои професори радо ќе ви помогнат и во составувањето CV или пишувањето препораки за работа, ќе ве советуваат за продолжување на студиите или работата. Поради тоа, не ја правете истата грешка како повеќето, вели професорката.

Воспоставете контакт со професорите и асистентите кои ви се интересни и претставете се. Секој контакт нема да заврши со пријателски однос, но сигурно ќе имате поголема корист и од таквиот однос отколку од анонимноста.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование