X
 05.05.2016 Образование

Зошто Стокхолм привлекува толку многу паметни луѓе?

На универзитетите во Стокхолм има над 8.000 студенти од странство секоја година. Но, овој град не ги привлекува само студентите, туку и истражувачите од целиот свет. Така, најмладиот докторанд во Шведска е 20-годишен студент од Холандија. Што ги носи овие успешни луѓе таму?


Репутацијата на Стокхолм

Политичкиот научник Џонатан Кајпер е од Австралија, кадешто ги завршил своите студии. Но, кога станува збор за последокторското истражување, тој знаел дека ќе оди во Стокхолм.

„Универзитетот во Стокхолм е многу добро оценуван интернационално, а одделот за политички науки е особено силен“, вели тој.

Герда Нејер, истражувач од Австрија, исто така била привлечена од репутацијата.

„Шведските демографичари се меѓународно познати и работата со нив е чиста привилегија“, вели таа.

Ресурси и можности

Патриша Шонеси се преселила таму поради љубовта - нејзиниот сопруг е од таму - но бргу ја нашла и својата втора љубов.

„Отсекогаш сакав да работам на истражувчки проект на арбитража, па кога го посетив мојот, тогаш, сопруг, одлучив да започнам со истражувањето на универзитет во Стокхолм“ вели таа.

Универзитетот во Стокхолм има одличен систем на библиотеки и база на податоци, а вработените се трудат и да наоѓаат и дополнителни материјали кога е потребно.

Пријатели и работна атмосфера

Не е се` до истражувањето и ресурсите. Истражувачите во Шведска се согласуваат дека балансот меѓу работата и животот и позитивната работна околина се основни за среќа. Швеѓаните имаат и кафе паузи наречени „фика“, кои ги прават трипати дневно.

Меѓународен напредок

Универзитетите во Шведска не се најголеми во светот, но истражувањето е на ниво на најголемите меѓународни универзитети. Освен тоа, постојано се прават напори за интернационализација на универзитетите со што се привлекуваат одлични истражувачи на престои или студии. Атмосферата е соодветна - интернационална и поддржувачка.

Повеќе од се`, истражувачите ја ценат структурата за еднаквост во формите на комуникација помеѓу сите вработени. Секој е еднаков и има слобода и поддршка да ги следи своите интереси.

„Имаме академска независност и слобода на мисла. Јас сум дел од шведскиот бизнис и заедницата во овој прекрасен град, па може да придонесам во мојата област на меѓународно ниво“, вели Шонеси.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование