X
 06.05.2016 Живот

Фчерашни новости: Непознат вирус ги тресе вторите ешалони во јавна администрација



Нов и досега непознат вирус болест ги тресе вторите ешалони во јавна администрација – со гостинот др. Паника разговараме за деталите. Повеќе и за проектот „Од град во село“ - граѓаните назад во опинци, а каква иднина ја очекува нашата младина ќе дознаете во екслузивното пророштво. Тука се и редовните рубрики „Фенг шуи за народот“ и временската прогноза со чичко Симе Временски.

Ова и многу повеќе ве очекува во новата епизода на „Фчерашни новости“.



Третата епизода ќе може да ја погледнете оваа недела од 19.10 часот на телевизија „Телма“.

Дотогаш сите скечеви од првата и од втората епизода, како и фотографии и видеа од зад сцената и од снимањата, може да ги најдете на официјалните канали на „Фчерашни новости“ на :

Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w
Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот