X
 07.05.2016 Наука

Имате 1 милијарда долари за да победите на вселенска трка - Што ќе направите?

Вие сте извршен директор на компанија за превоз во вселената во 2080 година и вашиот главен научник доаѓа да ви каже дека едно од вашите вселенски летала открило вонземски артефакт во Лагрангиан. Сакате да бидете првите кои ќе го добиете!


Но, знаете дека приказната наскоро ќе се прошири и имате кратко време за критични одлуки. Со технологијата достапна за секого за неколку милијарди долари, може лесно да се состави ракета која ќе стигне до артефактот за 1.600 дена.

Но, со некои нестандардни додатоци може да го намалите времето и да ја победите конкуренцијата. Вашите сметководители ви велат дека може да ви дадат кредит од 1 милијарда долари.

Може да купите:

1. Големи руски мотори. Има само три во светот и Русите бараат 400 милиони долари за секој од нив. Купувањето еден од нив ќе го намали патувањето за 200 дена. Купувањето две ќе ви овозможи да заштедите уште 100 дена.

2. Јонски мотори од НАСА. Има само осум вакви кои вредат 140 милиони долари. Секој бара 5.000 килограми ксенон за време на патувањето. Во светот има само 30.000 килограми ксенон за цена од 2.000 долари по килограм, па 5.000 килограми чинат 10 милиони долари. За секој мотор што ќе го купите, може да заштедите 50 дена од патувањето.

3. Полесни мисии. За 50 милиони долари, може да испратите една од четири резервоари за гориво пред мисијата со постоечката технологија. Секогаш кога ќе го правите ова, ја олеснувате главната мисија и го намалувате времето на пристигнување за 25 дена.

Која е најдобрата стратегија за да стигнете први?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука