X
 08.05.2016 Технологија

Идеја која би можела да ја промени индустријата на челик

Пред приближно три години, индустрискиот гигант „Thyssenkrupp“ најави дека ќе се фокусира на соработки во повеќе бизнис области за да се постигнат нови цели во поглед на иновациите.


Компанијата започнала да поттикнува поразлични и покреативни идеи од страна на самите вработени. Луѓето биле охрабрени да преземаат ризици, па дури и да отвораат „стартапи“ во компанијата.

- Дозволено ни е да размислуваме надвор од границите. На пример, кога некој во групата се запраша зошто не користиме 100-годишна хемија за да ги рециклираме гасовите кои се испуштаат од нашите погони за челик, тој го спомена тоа - вели Ралф Клајншмит од компанијата.

Така се родила идејата за 15-годишен проект наречен „Carbon2Chem“, кој ќе вклучи повеќе бизнис области на компанијата и други важни германски компании заедно со научни институти, меѓу кои и „Макс Планк“.

Целта на проектот е да се создадат процеси кои го претвораат издувниот гас во амонијак, метанол и други хемикалии кои може да се користат за повеќе производи, со што значајно би се намалиле испуштањата на јаглерод. Технологијата би влијаела на компанијата, но и на целиот свет со овој проект.

Компанијата има мала група од околу 20 луѓе кои работат на овој проект. Тие доаѓаат од различни области и работат на проектот покрај секојдневната работа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија