X
 10.05.2016 Живот

Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?



Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и се очекува умерено облачно време со сончеви периоди. Во северните, североисточните и источните предели во попладневните часови ќе постојат услови за развој на нестабилност која може да донесе слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правер. Утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.

Во Скопје во вторник претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста и во доцните попладневни часови постојат услови за сосема слаби врнежи од дожд. Слаб ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 23 степени.

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на максималните температури кои ќе се движат од 19 до 28 степени. Во четврток преодна дестабилизација со локални врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и сеевроисточните предели каде локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. Дневните температури од 18 до 27 степени. Во петок и сабота стабилизација на времето, претежно сончево и релативно топло. Во петок максималните температури ќе се движат од 21 до 30 степени, додека пак во сабота ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 20 до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот