X
 10.05.2016 Образование

Можете ли да ја решите оваа задача за второодделенци?

Една математичка задача наменета за седумгодишни деца збуни илјадници возрасни насекаде низ светот. Можете ли вие да го најдете решението?


Задачата поставена на ученици во второ одделение била споделена на „Твитер“ од страна на Луиз Блоксам за време на дебатата за поволностите на тестирањата во основно училиште во Велика Британија.

Десетици луѓе одговориле на задачата, по што таа напишала: „Ако мислите дека одговорот е 65, грешите“. Задачата потоа била објавена во група на „Фејсбук“ кадешто еден член инсистирал дека одговорот е 46. Но, ниту еден доказ не бил покажан за да се потврди ова.

Задачата гласи:

Во возот имало луѓе. 19 луѓе се симнале на првата станица. 17 луѓе се качиле на станицата. Сега има 63 луѓе во возот. Колку луѓе имало во возот на почетокот?



Телеграф“ открива дека најдобриот начин да го најдете решението е со пресметувањето наназад. Одземете ги тие 17 луѓе што се качиле во возот од оние 63, што одговара на 46. Потоа додадете ги тие 19 кои се симнале на првата станица, што дава број од 65. За 46 да биде точниот одговор, би требало да ги игнорирате оние 19.

Ема Форбс вели: „Последната реченица е многу битна бидејќи бара колку луѓе имало на возот на почетокот. Тоа значи дека оние 19 кои се симнале на првата станица не се сметаат, па 63-17=46.“

Што мислите вие?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование