X
 10.05.2016 Култура

Теоријата за Бран Старк од "Game of thrones" може да промени се` во серијата

Внимание, СПОЈЛЕРИ!

Епизодата од оваа недела ни даде краток увид на „Кулата на радоста“.

 

1


Го видовме младиот Нед Старк во борбата со Сер Артур Дејн, еден од најголемите мечувалци што Вестерос некогаш ги видел.

Иако не успеавме да го видиме и останатиот дел од денот на Нед, во епизодата имаше интересен момент кога Бран викна по својот татко, а тој се чинеше дека нешто слушна, па се сврти.

 


 2


Во трејлерот за 6 сезона, видовме краток клип од Бран, како стои исправено и се соочува со лидерот на Белите шетачи кој ја допира раката на Бран.

 

3


Oва предизвика интересна теорија: Што ако Бран е причината за лудоста на Лудиот крал? Всушност, еден корисник на „Redditor“ дојде до оваа теорија.

 

4


„Од 3-та епизода од 6 сезона Бран сфаќа дека другите можат да го слушнат за време на визиите од минатото, но не сфаќа дека тие не можат целосно да го разберат. Тој се обидува да го вразуми Кралот Аерис кога му е прикажана визија од него. Кралот слуша само шепотење, и полудува од тоа. Бран се обидува ова да го поправи, меѓутоа работата се влошува. Лудиот крал жив го пали дедото на Бран додека тој панично се обидува да го спаси. Но, се` што Лудиот крал може да слушне се шепотења“.

Со тоа Бран поставува еден вид на движење во шоуто.

Секако, Бран веќе постави движење кога се искачи на кулата.

 

5


Но ако мешањето на Бран во минатото го полуде Лудиот крал, тогаш тој може да создаде временски парадокс.

 

6


Дали работите се случуваат бидејќи Бран му викна на неговиот татко и Лудиот Крал? Дали Бран би бил онаму кадешто е ако работите не веќе не беа случени?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура