X
 11.05.2016 Економија

Дали знаете кој е најбогатиот човек во историјата на човештвото?

Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе денес, но и во историјата на човештвото. Тој се наоѓа на листата од 10-те најбогати луѓе кои живееле некогаш. Како изгледа целосната листа?


10. Џингис Кан

Живеел меѓу 1162 и 1227 година во Монголското царство. Тој имал непрегледно количество земја и друго, но не градел палати, храмови, гробница, па дури ниту обична куќа, туку богатството го делел со војниците.

9. Бил Гејтс

Неговото богатство се проценува на 78,9 милијарди долари. Тој има 8 милијарди повеќе од вториот најбогат човек, Заре Амансија Ортега.

8. Алан Руфус

Руфус живеел од 1040 до 1093 година во Англија, а неговото богатство се проценува на 194 милијарди долари. Кога умрел, неговото богатство изнесувало 7% од БДП на Англија тогаш.

7. Џон Рокфелер

Рокфелер започнал да вложува во нафтената индустрија во 1863 година, а до 1880 неговата компанија контролирала 90% од американското производство на нафта. Тој е „проценет“ на 341 милијарди долари.

6. Ендрју Керниџ

Ова веројатно бил најбогатиот Американец на сите времиња. Шкотскиот имигрант основал компанија, која ја продалл за 480 милиони долари. Неговото богатство денес би вредело 372 милијарди долари.

5. Јосиф Сталин


Тој бил диктатор со апсолутна моќ над една од најмоќните економии во светот. Откаде тој на листата? Неговото богатство не може да се издвои од самото богатство на државата која ја водел. Три години пред неговата смрт, Советскиот сојуз сочинувал околу 9,5% од глобалниот БДП. Во денешна вредност, тоа би изнесувало 7,5 трилиони долари. Тој дел не му припаѓал на Сталин, но со него можел да управува како што сака.

4. Акбар I

Царот живеел од 1542 до 1605 во Индија, а владеел со династијата Мугал. Експертите проценуваат дека тој контролирал царство кое во свои раце држело 25% од вкупното економско производство во светот.

3. Цар Шензон

Кинеската династија Сон била едно од економски најмоќните царства во историјата. Шензон владеел со царството кое имало третина од светската моќ.

2. Гај Јулиј Цезар Октавијан

Тој бил првиот цар на Рим, а во историјата останал запомнет како Август. Освен што управувал со моќно царство, во еден момент бил сопственик на богатство во износ од една петина од економијата на целото царство. Тоа би изнесувало 4,6 трилиони долари денес.

1. Манса Муса

Кралот на Тимбакту живеел од 1280 до 1337 година. Често се нарекува најбогатата личност која некогаш постоела. Неговото кралство вило најголемиот произведувач на злато во светот, а во тоа време златото било посебно барано и ценето. Не е возможно да се процени неговото точно богатство бидејќи нема многу записи за него, но пишува дека имал огромна војска и трошел многу во текот на неговиот живот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија