X
 12.05.2016 Образование

Како да ја започнете својата интернационална кариера?

За многу професионалци, границите се нешто од минатото. Зборовите како „дом“ и „националност“ стануваат двосмислени кога живеете, работите и студирате во различни земји со различни култури.


Марија Катс била родена во Санкт Петербург, но пораснала најмногу во Белика Британија, а сега живее во Париз. Најголемата причина поради која се преселувала е бидејќи сакала да порасне. Таа не била задоволна со вештините и знаењето кои ги имала. Таа се запишала на студии на Меѓународниот факултет за менаџмент.

Се работи за факултет основан во САД во 1990-те години, но тој е глобален од првиот ден на постоењет. Основачот, Џек Форгет, верувал дека факултетите по бизнис треба да бидат урбани кампуси лоцирани во финансиски простории низ целиот свет. Освен тоа, ваквите факултети би требало да нудат можност за студирање во повеќе земји според него. Затоа, овој факултет има програми во Париз, Њујорк, Шангај, Њу Делхи, Сао Пауло и Кејптаун.

Тоа е една причина поради која факултетот привлекол студенти од над 100 земји. Во секоја паралелка на факултетот има 10-15 различни националности. Факултетот нуди меѓународни програми за последипломски стидии, од кои сите се создадени за амбициозни професионалци кои сакаат да студираат додека градат кариера.

Студентите може да ги одредат брзината и напорот, а може и да работат он-лајн. Студентите учествуваат и на семинари во различни градови, а имаат можност да учествуваат и на семинар во град по избор. За Катс, која е студент на овој факултет, напорната работа се исплатела.

- Пооранизирана сум и можам смирено да ги менаџирам работите чекор по чекор во ситуации каде порано реагирав бурно - вели таа.

Благодарејќи на меѓународното образование, таа станала и подобра во својата работа и напредувала во кариерата.

- Кога еднаш го имате ова меѓународно искуство и образование различно гледате на светот и бизнисот. А деновиве е речиси невозможно да се успее без таа меѓународна перспектива - заклучува таа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование