X
 14.05.2016 Наука

Германија има толку обновлива енергија што мора да им плаќа на клиентите да ја користат


Производството на обновлива енергија сруши рекорди месецов во Германија. Имено, Германија им плаќала на комерцијалните корисници на енергија да ја користат истата неколку часа.

Според извештај од „Кварц“, енергетските централи обезбедуваат 87% од електричната енергија што се троши во Германија. Овој процент ќе расте уште бидејќи земјата презема мерки за да троши само обновлива енергија до 2050 година.


Во меѓувреме, произведувачите на електрична енергија кои користат гас или други методи се во егзистенцијална криза во земјата и значителен дел од нив веќе се затворени, пренесува TIME.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука