X
 16.05.2016 Наука

Добредојдовте во иднината: Автономни сајбер-градини ќе се грижат за растенијата во иднина


Малкумина знаат дека одржувањето на растенијата во живот може да биде напорно. За разлика од останатите живи суштества, растенијата не може да преживеат доколку ние не се грижиме за нив (секако, има исклучоци). Сето тоа ќе се промени наскоро бидејќи архитектите откриле начин на кој може да им дадат енергија на растенијата со тоа што ќе ги стават во „автономни сајбер-градини“ и ќе им овозможат да си ги најдат своите ресурси.

Необичниот проект бил создаден од Вилијам Виктор Камилери и Данило Сампајо од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Факултетот за архитектура „Бартлет“. Автономната градина користи сензори за да ја набљудува електро-физиологијата на планетата.

Тимот објаснува дека градината се состои од модули во кои има видови растенија, а структурата на градината овозможува движење на истата со менување на нејзиниот центар на гравитација. Градината може да се врти и движи се` додека нејзините сензори не откријат околина која е идеална за да преживеат видовите во неа. Потоа, доколку условите останат исти, градината може да остане статична или може да се движи ако условите се променат.

Дали ова значи дека еден ден ќе имаме полиња полни со подвижни градини? Не можеме да знаеме, но тоа сигурно би изгледало фантастично.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука