X
 16.05.2016 Технологија

Македонија ќе добие професионална е-спорт лига

 Македонската е-Спорт Федерација, по прв пат, започнува со организација на Првата Македонска е-Спорт Лига.



Раководоството на Македонската е-Спорт Федерација (МеСФ) се одлучи за ваков историски чекор по многуте години учество на меѓународни турнири и се поголемиот пораст на еспортот во целиот свет.

„Ова е прв официјален чекор кон целосно признавање на е-спорот како официјален спорт и во Република Македонија“, објаснува Бобан Тотовски, претседател на МеСФ. Тој додаде дека МеСФ од 2009-та година започнува стратегија за официјализирање на еспортот преку барање подршка од надлежните институции и развивање на еспорт културата кај нас.

Е-Спорт Лигата, која ќе се организира во соработка со ЛЕНОВО, ги поканува сите заинтересирани да формираат тимови и да се пријават во следните три дисциплини – игри: DOTA2, Counter Strike: GO и Hearthstone. Пријавувањето веќе е во тек и трае до крајот на овој месец.  Наптреварите ќе траат од 01 Јуни до крајот на Август, по што ќе следува завршниот турнир на кој ќе го дознаеме македонскиот шампион.

Победникот во Македонија ќе ја претставува земјава на Светското првенство, кое ќе се одржи во ноември, во Џакарта, Индонезија.

Секој тим мора да го пополни формуларот за учество Прва Македонска ЛЕНОВО е-Спорт Лига и да пријави тим во Централниот регистер на Република Македонија.

„МеСФ на сите апликанти ќе им овозможи бесплатна подготовка на документите за пријавување во Централниот Регистар и се откажува од наплата на членарина за првата година, бидејќи регистрацијата во Централниот Регистар чини 2.500 денари. “, вели Тотовски. „Ова е мала подршка од наша страна за сите тимови кои се заинтересирани професионално да се занимаваат со овој спорт и да учествуваат на меѓународни турнири. Од следната година, ќе имаме повеќе дисциплини, а се надеваме и дека Меѓународната е-спорт федерација ќе обезбеди полноправно членство на еспортот на наредните олимписки игри„

Официјалното пристапување на тимот кон Македонската е-Спорт Федерација ќе се круниса со потпишување договор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија