X
 16.05.2016 Конкурси

Мулдисциплинарна академија: Networking 101 - International Youth Networking Academy

Инспирирани од идејата за поврзување на идни млади лидери а мотивирани од минатогодишниот масовен успех, оваа година Networking 101 – Интернационалната академија за младинско вмрежување повторно објавува повик за учесници на 8 дневна мулдисциплинарна академија која ќе се одржи во хотел Молика во времетраење од 13ти до 20ти Јуни, 2016 година.


 Апликацијата за овогодинашната академија можете да ја надете овде: https://goo.gl/NhlGG3



Цели на Академијата:

Проектот има за цел обединување на млади ширум светот преку знаење и проактивност и тоа со цел поттикнување позитивна промена, на локално и глобално ниво.

Проектот истотака нуди можност за стекнување нови вештини, унапредување на својот лидерски потенцијал, работа во тим како и изучување на практични и детални елементи во склоп на семинарите наведени подолу. Надвор од ова, учесниците истотака ќе имаат можност да се запознаат и со значителен број на експерт гости како и да учествуваат на бројни networking сесии. 

Услови за аплицирање:
Повикот е наменет за проактивни, талентирани и амбициозни млади луѓе на возраст од 15-20 години. Академијата е од интернационален карактер на која ќе учествуваат учесници од 20 земји низ 5 континенти. Согласно ова, познавањето на англиски јазик е неопходно за следење на предавањата. Се вкупно, академијата има капацитет од вкупно 50 учесника.
Структура на Академијата:

Семинари:
Лидерство во бизнис (10 учесници)
Програмирање и развивање апликации (10 учесници)
Политички структури: Обединети Нации (10 учесници)
Припрема за математичка олимпијада (10 учесници)
Припрема за олимпијада за програмирање (10 учесници)


Дополнително:
Екпертски гости говорници кои ќе говорат на теми од:

Технологија
Бизнис и претприемништво
Наука
Уметност и дизајн

Networking сесии:
Екскурзии
Teambuidling активности
Забави

Како да аплицираш:

Апликацијата за проектот може да се пополни на следниот линк: https://goo.gl/NhlGG3

Рокот за аплицирање е 16ти Мај по што примените апликанти ќе бидат информирани на 17ти Мај 2016 год.

Котизација:

Цената за учество на семинарот е 4500 денари за апликанти од Македонија. Котизацијата покрива: школарина, сместување и храна за 8 дневната академија.

Стипендии:


Дополнително, учесниците кои ќе се примени ќе може да аплицираат за стипендија. Стипендиите ќе бидат доделени со намера да се излезе во пресрет на потенцијалните млади лидери кои можеби доаѓаат од економско ранливи групи. За ваквата можност, ве молиме исконтактирајте не дополнително.

Контакт:

За повеќе информации контактирајте не на youth.networking101@gmai.com или пак на нашата Facebook страна.

Повеќе информации можете да најдете на нашата Facebook страна: 
https://www.facebook.com/internationalyouthnetworkingacademy/?fref=ts 

Промотивно видео: https://www.youtube.com/watch?v=amBraWbtFA0 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси