X
 16.05.2016 Живот

Запознајте ја девојката која e именувана како следниот Ајнштајн

Сабрина Пастерски родена во 1993 година, на пет годишна возраст била запишана во регионалниот центар за надарени лица Едисон во 1998 година.

 

сабрина


Продолжувајќи ги нејзините студии, таа матурирала на Академијата за математика и наука во Илиноис во 2010 година. Во меѓувреме, од 2003 до 2006 година, таа посетувала часови по летање, и започнала да го гради својот прв комплет за авиони.

Именувана како следниот Ајнштајн од Харвард Универзитетот, Сабрина Пастерски вели: „Кога сте уморни спиете, а кога не сте, се занимавате со физика“.

Таа е девојка која се обидува да ги избегне социјалните медиуми. Такашто, доколку сакате да ја побарате на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Инстаграм, меѓутоа нема да излезат никакви резултати. Но ако сакате да дознаете нешто повеќе за неа, тогаш можете да ја посетите нејзината веб страна PhysicsGirl која таа постојано ја ажурира со нејзините достигнувања и признанија.

Дипломец на Институтот по технологија во Масачусетс и докторант на Харвард, Сабрина е длабоко заинтересирана за откривање на одговорот на некои од најпознатите езотерични прашања во физиката. На многу млада возраст, Сабрина започна со експериментирање кое доведе до изградба на авион со еден мотор кога имала само 14 години.

Импресиониран од нејзиното видео на „YouTube“ во кое Сабрина го открива нејзиниот авион, професорите Ален Хагерти и Ерл Марман од Институтот за технологија во Масачусетс ја регрутираа да работи со нив.

„Бевме зачудени кога го откривме потенцијалот откако го погледнавме нејзиното видео“, вели професор Хагерти.

Меѓу некои од исклучителните достигнувања на Сабрина е и тоа што била прогласена меѓу 23-те жени како американски полуфиналист по физика. Како докажан говорник, Сабрина има одржувано говори во Принстон, Харвард, Институтот за технологија во Масачусетс, и Форбс самитот Филаделфија. Компаниите како Амазон и НАСА веќе ѝ понудиле работа.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот