X
 17.05.2016 Образование

Човекот кој ја откри Божјата честичка: Денес не би успеал во академската заедница

Научниците биле во потрага по Хигсовиот бозон речиси 50 години. За таа потрага, ЦЕРН потрошил повеќе од пет милијарди евра и ангажирал повеќе од 8.000 научници од целиот свет. Таканаречената божја честичка беше конечно уловена во 2012 година, а физичарите Питер Хигс и Франсоа Енглерт во 1964 година го предвиделе постоењето на оваа честичка, па поради тоа беа наградени со Нобелова награда за физика.


Питер Хигс стана популарен во јавноста поради неговите шокантни изјави по добивањето на наградата. - Денес не би можел да добијам работа во академската заедница. Мислам дека не би ме сметале за доволно продуктивен - рекол Хигс во едно од своите ретки интервјуа.

- Тешко е да се замисли дека во сегашната научна клима би имал доволно мир и слобода да го направам тоа што сум го направил во 1964 година - посочува Хигс.

Сепак, тој признал дека од својата работа во 1964 до пензионирањето во 1996 година, тој објавил помалку од десет трудови. Со таквата продуктивност, денес не би го сакал ниту еден престижен универзитети, според него. Денешната наука се карактеризира со немилосрдна конкуренција, интердисциплинарност и многу колаборативни проекти на кои работат десетици, стотици, па дури и илјадници научници.

Компетитивниот академски живот на западот се темели на докторатот. По докторатот следуваат еден или два постдокторати во најдобрата група до која можел да стигне кандидатот. Потоа започнува пријавувањето за факултетска позиција, која се добива по долго докажување и проверување по најстроги критериуми.

- Изборите на силните универзитети во САД зависат од продуктивноста на кандидатот која се мери со бројот и величината на добиените научно-истражувачки проекти, бројот и квалитетот на спроведените рецензирани трудови, како и предавачкото искуство на универзитетско ниво. Колку е подобар универзитетот, толку е поголема конкуренцијата, а напредувањето од доцент до професор бара повеќе - вели д-р Владимир Ивковиќ (38), невролог на Медицинскиот факултет на „Харвард“ во Бостон и соработник во Националниот вселенски биомедицински истражувачки институт.

Ивковиќ дипломирал психологија во Виена, магистрирал биологија во Хрватска и вселенска наука во Франција, а докторирал неврологија во Хјустон. Тој се` уште нема постојана професорка позиција. Бројот на научници во светот постојано расте.

Според податоците од УНЕСКО во 2002 година во светот имало 5,7 милиони научници, а во 2013 бројот се покачил на 8 милиони, односно за 40%.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование