X
 17.05.2016 Живот

Писмо на студент кој работи во McDonald's

На западот, вработените во „McDonald's“ честопати се сметаат за помалку успешни од останатите. Еден вработен во ланецот за брза храна, Мајк Вајт, бил уморен од претпоставките на останатите дека не е амбициозен или интелигентен, па напишал објава на „Facebook“ која стана популарна на глобално ниво.

Вајт живее во Единбург, Шкотска.

„Денес ми беше доволно од критицизмот. Да бидам јасен. ДА, јас работам во McDonald's и тоа го правам речиси 50 часа неделно. Зошто?  Не затоа што немам желби, мотивација или интелигенција... туку напротив... бидејќи за неколку месеци, како и голем број други луѓе со кои работам, ќе се вратам во високото образование. McDonald's има репутација што е прилично неоснована во последно време, секоја личност со која работам има приказна и секоја личност работи напорно на оваа многу тешка работа поради сопствени причини... дали се на училиште, на универзитет, имаат семејство, имаат деца, штедат... итн. Едно нешто што е McDonald's е работа што е екстремно (екстремно) флексибилно, има можности за напредок и може да ви овозможи да правите што сакате. Има луѓе што стануваат пилоти, адвокати, дизајнери, архитекти, и луѓе што се во момент во нивниот живот кога би сториле се` за да се грижат за нивното семејство. Работам со луѓе каков што би сакал да бидам, кои поминуваат низ ситуации во кои јас не би можел и кои се одлучни да не исчезнат туку да отстапат и да работат за својата заработувачка за разлика од голем број луѓе во оваа земја. Порано, знаев и работев со многу богати луѓе на високи работни места и малку од нив ја имаа издржливоста и работната етика на некои од ови момци и девојки. По завршувањето на голем дел од мојот живот, McDonald's не само што ми овозможува да заштедам за универзитет, туку и ми нуди флексибилна работа со која може да продолжам во следните години. И не само тоа, туку и планирам да напредувам од страна на менаџменот, нешто што е директно врзано за мојата диплома и ќе ги зголеми моите шанси за работа во иднина. Нормално дека McDonalds ќе биде на моето CV, оваа работа ги помести моите граници на многу начини! Да, има лоши страни, да платата може да биде лоша и да, може да биде тешко, но секоја работа има негативни страни и McDonald's не е различен. Како некој кој речиси излегол од смена неколкупати.. можам да кажам дека и покрај потешкотиите, поголемата слика не е секогаш ужасна. Ве молам земете ги претпоставките и ослободете се од нив бидејќи работам со некои одлични луѓе и како многу од нив, McDonald's не е ќорсокак на мојот професионален живот, туку само дел од почетокот. Сега, каков пијалок би сакале со вашата нарачка?“


Вајт додава и дека сите луѓе со кои работи имаат своја приказна за раскажување. Нивните желби се различни, некои сакаат да бидат пилоти, а други адвокати. Има и такви кои сакаат да се грижат за нивните семејства. Објавата веќе има над 50.000 реакции и била споделена над 8.000 пати.

Конечно, тој ги признава лошите страни од работата, но го фали флексибилното работно време и неговата можност за напредок.

„McDonald's не е ќорсокак на мојот професионален живот, туку само дел од почетокот“, пишува тој.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот