X
 17.05.2016 Технологија

Зошто паметните деца не треба да користат технологија за време на час?

деца 

 

Во последниве 15 години едукаторите постојано исцрпно дебатираат за присуството на лап топите во училниците. Професорите постојано се жалат дека компјутерите се машини кои го одвлекуваат вниманието, додека бранителите велат дека здодевните часови се оние кои треба да се обвинат - учениците отсекогаш наоѓале некаква занимација за време на досадните часови, па која е разликата кога тие го користат Фејсбук за тоа?


Она што е значајно е дека не постојат податоци за тоа како компјутерите влијаат врз учењето во училницата. Постојат некои мали, краткорочни експерименти. Истражување од 2003 година открива дека компјутерите им отежнуваат на учениците да се сетат што учеле во текот на часовите. Истражување од 2014 година покажува дека учениците имаат помали шанси да сфатат комплексни идеи кога се присилени да фаќаат белешки на компјутер отколку на хартија. Но ова се измислени ситуации кои вклучуваат моментално потсетување. Помалку е јасно како користењето на лап топите влијае врз учениците во текот на еден семестар.

Сега тука е одговорот благодарение на голем експеримент од економистите во „West Point“, кои ги забраниле компјутерите од некои делови од популарниот курс по економија изминатава година во воената академија. Една третина од часовите можело да се користат лап топи или таблети за да се фаќаат белешки за време на предавањата; една третина можеле да користат таблети, но само за да гледаат во материјалите од часот; и една третина не смееле да користат никаква технологија.

80% од студентите на кои им било дозволено користење на лап топи имале лоши резултати на крајниот испит. Она што е интересно е дека најпаметните ученици биле најповредени.

Кај учениците со високи оценки, оние кои можеле да користат лап топи само на дел од часовите имале полоши резултати отколку нивните колеги кои не користеле технологија. Но, и немало голема разлика помеѓу учениците со ниски оценки кои користеле или не користеле лап топи.

Резултатите се малку чудни. Се очекуваше од најпаметните студенти да ги користат лап топите претпазливо. Наместо тоа, тие станаа најголемите жртви на технологијата.

Истражувачите - Сузан Пејн Картер, Кајл Гринберг и Мајкл Вокер исто така биле изненадени што студентите на кои им било дозволено само повремено користење на таблети имале исти резултати со студентите на кои им било дозволено користење на лап топите. Дури и тогаш кога на студентите не им било дозволено проверување на меилот или играње игри на таблетите, технологијата сепак се мешала со нивното учење.

Сепак, овие резултати се веројатно оптимистички. Во „West Point“, секциите се ограничени на 18 студенти, такашто инструкторите можат лесно да ги именуваат луѓето кои користеле лап топи. Проблемот се одвлекувањето на вниманието поради компјутерите веројатно е многу потешко на други колеџи кадешто лекциите се држат пред стотици студенти. Истражувањето покажа мултитаскингот не функционира. Внимавајте на луѓето кои носат лап топи на состаноци - дури и само за да „фаќаат белешки“. Тие веројатно не ве слушаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија