X
 19.05.2016 Наука

Нова апликација која може да чита и решава рачно напишани математички проблеми

Математиката, кога се цени на специфичен начин, повеќе е естетскa преокупација отколку практична. Новата апликација наречена „Mathpix“ може да оперира на неверојатен начин.

 

апликација


Нејзиниот развивач, Николас Хименез, вели дека започнал да ја создава програмата со цел да го намали тешкиот процес на внесување на математиката во компјутерите. За да ја „натера“ апликацијата да „зборува“ на математички јазик - синтакса полна со бројки, латински и грчки азбуки, таа се потпира на длабокото машинско учење. Апликацијата може да претставува графикони, да решава алгебра, да решава интеграли, матрици и да нацрта тригонометрија - и сето тоа го прави водејќи ве вас низ чекорите за решавање на овие математички задачи.

Повеќето луѓе кои го сфаќаат работењето на ваквите апликации ќе ја сметаат за одлична и моќна алатка.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука