X
 19.05.2016 Наука

Ново шоу од Стивен Хокинг: Што е потребно за човек да размислува како научен гениј?

Познатиот космолог Стивен Хокинг се враќа на малите екрани со серија од шест дела која ќе се емитува на „PBS“ и „National Geographic“.

 

stiven


Шоуто, наречено „Genius by Stephen Hawking“ истражува што е потребно за човек да размислува како научен гениј.

Во секоја епизода, различна група на обични луѓе се соочени со предизвикот да размислуваат како најголемите научни умови во историјата, со цел да решат некои од најважните прашања на човештвото.

Серијата започнува со емитување денес и ќе трае до 1 јуни, а ќе може да се проследи на „National Geographic Channel“.

„Станува збор забавно шоу кое се обидува да открие дали обичните луѓе се доволно паметни за да размислуваат како најголемите умови кои некогаш живееле. Со оглед на тоа што сум оптимист, мислам дека ќе размислуваат“, изјави Хокинг.

Шоуто истражува различни области од еволутивната биологија па се` до астрофизиката и квантната механика, истражувајќи прашања како: „Дали можеме да патуваме низ времето?“ и „Дали сме сами?“

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука