X
 21.05.2016 Технологија

Како ќе изгледаат новите продавници на "Apple"?

„Apple“ денес ја отвора својата нова продавница во Сан Франциско која ќе стане новиот стандард во мрежата на продавници на „Apple“ и физичка манифестација околу која компанијата создава заедница за своите корисници.

 

0


Потпретседателката за продажба Ангела Ахрендс изјави дека новата продавница ќе стане стандард за сите идни продавници на „Apple“ - нивната цел е продавниците да бидат интегрален дел од заедницата, нешто како трговски центар во кој луѓето ќе се собираат.

 

1


Од големата стаклена продавница на Петтата авенија во Њујорк, до футуристичката продавница во Истанбул, нивните продавници се архитектонски и просторно создадени и изведени да се вклопуваат во урбаното опкружување и екосистемот на градот.

Огромните стаклени врати наместо ѕидови и дрворедите од живи дрвја покрај одделот за поддршка на корисниците се архитектонско и дизајнерско решение со кое „Apple“ се вклопува во околината.

 

2


„Знаеме дека успеавме кога атмосферата во продавницата ќе биде како трговски центар“, вели Ангела.

Продавниците на компанијата не остваруваат ни приближно приходи колку што произведува веб трговијата. Сепак, во последните петнаесетина години се симболизира присуството на „Apple“ во физичкот свет, преку кој компанијата гради односи со клиентите од сите градови кадешто ќе појавуваат. Новатта продавница е пилот проект за тестирање на функционалностите кои компанијата планира да ги вгради во најважните продавници од вкупно 480 низ целиот свет.

 

3

 

Продавниците се начин за оттргнување на клиентите од екраните на паметните телефони и лаптопите во физичкиот простор во кој поминуваме време. „Ги доживуваме како нашиот најголем предизвик“, објаснува Ахрендс.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија